Задоволство за сите сетила! Ваквата штрудла со пилешко, печурки и кашкавал ќе направи вистинска гозба за вашите очи, а што да кажеме за дегустативните сетила… Врвно уживање за секој обожавател на вкусна храна!
Можете да ја припремате за домашни секојдневни пригоди или кога ќе ви доаѓаат гости. Многу е убава и вкусна, ќе ја краси трпезата!

Состојки:
За тесто:
- 600 гр брашно
- 1 ќесичка прашок за печиво
- ½ лажичка сол
- 150 мл кисело млеко
- 250 мл млеко (треба да е на собна температура)
- 100 мл масло
- 1 јајце.
За фил:
- 350-400 гр пилешки стек
- 250 гр шампињони
- 150-200 гр кашкавал
- 1 помала главица кромид
- оригано по вкус
- сол по вкус
- црн пипер по вкус
- 1 јајце.
За премачкување:
- 1 изматено јајце.
Подготовка:
- Во сад ставете ги сите состојки за тестото и со раце замесете ги во меко и мазно тесто. Откако еднаш добро сте го измесиле, премачкајте го со малку масло, па повторно измесете го во мазно топче.
- Припремете ги состојките за фил. Стекот исечкајте го на ситни коцки. Шампишоните измијте ги и исечкајте ги. Кашкавалот изрендајте го, а кромидот излупете го и исто така ситно изрендајте го.
- Во друг сад ставете ги сите состојки за филот и зачинете ги по вкус. Добро измешајте ја смесата и поделете ја на 3 дела.
- Претходно припременото тесто поделете го на 3 дела.
- Од секој дел, развлечете правоаголник со дебелина од неколку милиметри, а ова може да го регулирате и според вашата желба и во должина според плехот во кој планирате да печите.
- 1/3 од филот ставете ја врз првата кора. Повторно премачкајте од филот, па ставете ја втората кора. Пак ставете фил и на крај третата кора одозгора.
- Внимателно завиткајте го ролатот, па ставете го да се печи во претходно припремен плех со хартија за печење.
- Премачкајте со изматеното јајце и ставете ја штрудлата да се печи во претходно загреана рерна на 200 степени, а штом ја ставите да се печи намалете ја температурата на 180 и печете околу 40-45 минути. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Солени палачинки со фил од пилешко месо и печурки.