Едноставни и експресни мезе брускети за сите кои знаат да уживаат и да се забавуваат! Поканете го друштвото, набавете пијалаци, наздравете и замезете! 🙂
Ако сте љубители на брускети, прочитајте ги и овие два рецепти: Посен и вегански рецепт за брускети со песто од пиперки и Брускети со телешко месо и печурки.

Состојки:
- француска багета или друг леб кој има тесна форма
- 10-тина листови кашкавал, по потреба
- 10-тина црни маслинки
- оригано
- 4 домати
- неколку ливчиња свеж босилек.
Подготовка:
- Лебот исечете го на парчиња со дебелина од 1 см.
- На секое од парчињата ставете кришка кашкавал (со ширина колку што е површината на лепчето),наросете ги со оригано, а потоа наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Печете ги во загреaна рерна на 200 степени за време од 15 минути.
- Извадете ја тавата и оставете парчињата леб за домашни брускети да се изладат.
- Во меѓувреме доматите исечкајте ги на коцки, а босилекот ситно исечкајте го.
- Во чинија ставете ги доматите и босилекот, а потоа измешајте ги.
- Врз изладените парчиња леб ставете од исечканите домати и послужете се со превкусните домашни брускети.
Ви препорачуваме да прочитате: Брзо медитеранско мезе од фета сирење.