зачинети печени компири

Зачинети печени компири со кисело млеко

Нова идеја и лесен кулинарски предизвик! Од кујната на Катерина ни доаѓа уште еден брз и едноставен рецепт кој може секој да го направи. Сочни и вкусни, зачинети печени компири во сос од кисело млеко.

Сите обожаваат компири кои може да се приготват на голем број начини. Пржените компирчиња се фаворит, но за жал не се здрави. Затоа се трудиме да најдеме здрава замена и да уживаме во вкусот на компирите, без да ги броиме калориите. Ние се одлучивме да ги пробаме, а еве го убавиот рецепт:

peceni-kompiri-so-kiselo-mleko

Состојки:

  • 4 поголеми компири
  • 2 лажици масло
  • 2 полни лажици кисело млеко
  • 1 лажичка сол
  • 1/4 лажичка лут црвен пипер
  • 1 лажичка мешавина од суви зачини (рузмарин, мајчина душица, оригано, босилек, мајоран).

Подготовка:

  1. Во сад измешајте ги маслото, јогуртот, солта, црвениот пипер и мешавината од зачини.
  2. Компирите исечете ги на кришки и наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
  3. Прелејте ги со мешавината од јогурт и зачини и убаво измешајте ги.
  4. Тавата со компири ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 степени, за време од 30 минути. Печените компири извадете го рерната и оставете ги кратко да се изладат. Потоа, послужете ги со свежа салата или месо по желба. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигоровска.

Ви предлагаме да прочитате: 9 лесни и посни рецепти со компири.

Сподели: