Здрави мини палачинки со капинки 1

Здрави мини палачинки со капинки

Многу се вкусни, меки, сочни, а најбитно им се допаѓаат и на најмалите. – вели Кате! Превкусно изгледаат и не се сомневаме во тоа, па со големо задоволство ви препорачуваме и вие да си направите здрави мини палачинки со капинки или пак друго бобинкасто овошје по желба.

Со зборови на благодарност, Кате ни кажа овој одличен рецепт го видела во една од групите за здрава храна за деца. Таа вели „Оригиналниот рецепт беше со аронија, ама бидејќи овде сеуште ја немам сретнато ниту свежа ниту сушена, ја заменив со капинки.“

Здрави мини палачинки со капинки 2

Може да ве интересира: Рецепт за највкусните американски палачинки.

Состојки:

  • 1 чаша интегрално ржано брашно
  • 1 чаша пченично брашно
  • 2 јајца
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 1 рамно лажиче сода бикарбона
  • 3-4 лажици кафеав шеќер
  • околу 1 +1/2 чаша млеко
  • 70 гр путер
  • 1 рака исечкани капинки

* Чашата е од 200мл.

За посипување:

  • јаворов сируп по потреба.

Подготовка:

  1. Со жица изматете ги јајцата заедно со шеќерот.
  2. Во садот додајте го претходно растопениот и изладен путер.
  3. Промешајте, па додајте ги двата вида на брашно, во кои ќе ги измешате печивото и содата.
  4. Постепено матејќи со жица, додавајте го млекото. Треба да добиете густина како за американски палачинки, значи погуста смеса од онаа за класичите палачинки.
  5. На крај, додајте ги исечканите капинки и измешајте.
  6. Печете ги на загреана нелеплива тава без да ја премачкувате. Во смесата има доволно путер затоа и не ви е потребно дополнително да ја премачкувате тавата.
  7. Готовите мини палачинки треба да ги оставите да се изладат, а потоа по желба може да ги посипете со јаворовиот сируп. Доколку се млаки и не се добро изладени, кога ќе го турите сирупот тој ќе се впие. Затоа почекајте убаво да се изладат, а потоа ставете од него.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Мини кафе палачинки.

Сподели: