здравствени придобивки од киноата 1

3 здравствени придобивки од киноата

Киноата е намирница која многу се актуелизира во последните години, а тоа се должи на нејзините корисни својства и можноста за вкусна припрема. Се среќава во бела, црна и црвена боја, а тоа се должи на беталамин пигментите, кои се носители и на антиоксидативните и антивоспалителните својства.

Може да ве интересира: 4 здравствени придобивки од редовна консумација на киноа.

здравствени придобивки од киноата 2

Киноата помага против воспаленија

Проблемите кои ги создаваат хроничните воспаленија во организмот, може да доведат до разни последици. Тука спаѓаат ревматоидниот артритис, астмата, воспаленијата на цревата, Кроновата болест итн. Примената на киноа во исхраната помага за намалување на ризикот од нив. Посебно е корисна за одржување на здравјето на системот за варење на тој начин што помага за регулирање на балансот на цревната микрофлора.

Киноата го подобрува варењето на храната

Ако изедете една чаша варена киноа, тоа би значело дека организмот сте го обезбедиле со 1/4 од дневните потреби за растителни влакна. Овозможува полесно варење на храната во дигестивниот систем и создава чувство на ситост, поради што е одлична за диетални режими и забрзување на метаболизмот. Во својот состав не содржи глутен, па е препорачлива за разни категории на луѓе, од деца, до највозрасни, до интолерантни, гојазни, анемични, лица со остеопороза.

Киноата го чува здравјето на срцето

Киноата придонесува за намалување на холестеролот во крвта, но и за зачувување на здравјето на срцето. Нејзиниот богат нутритивен состав е заслужен за тоа. Киноата е богата со омега 3 масни киселини, флавоноиди и линолеинска киселина. Сите овие нутриенти се значајни за зачувување на здравјето на срцето, како и спречување на инфаркт, покачен крвен притисок и мозочен удар.

Ви препорачуваме да прочитате: Киноа – една од најздравите храни на светот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: