Најчест извор на протеини во човековата исхрана се оние од животинско потекло. Но, што е со протеините од растително потекло? Во тој поглед, фантастичната киноа е намирница која е апсолутно незаменлива! Па, во продолжение ви ги представуваме сите придобивки од консумирањето на оваа феноменална „житаркa“.
Иако киноата вообичаено се смета за житарка, таа воопшто не е тоа. Всушност претставува еден вид псеудожитарка, која по нутритивните својства, начинот на употреба и припремата е идентична со житарките. Меѓутоа, киноата припаѓа во истата фамилија како и спанаќот, блитвата и цвеклото. Нејзината нутритивна вредност може без проблем да ги засени сите останати житарки, особено кога се во прашање минералите, мастите и протеините со кои киноата изобилува. Таа потекнува од Андите во Јужна Америка и илјадници години се третира како супер храна. Не залудно Инките ја нарекувале мајка на сите житарки. Има бројни придобивки по нашето здравје, а ние во продолжение ви претставуваме само еден мал дел од нив.

Киноата го намалува ризикот од дијабетес
Необично високиот сооднос на протеини и јагленихидрати кои се содржат во киноата, ја објаснуваат нејзината способност за регулирање на шеќерот во крвта. Таа е исто така, богат извор на впивачки влакна кои ја помагаат контролата на шеќерот во крвта и го успоруваат разлагањето на јаглехидратите во гликоза. Антивоспалителните нутриенти кои ги содржи, вклучувајќи ги фенолната киселина, витаминот Е и полисахаридите, ги спречуваат непосакуваните воспалителни процеси кои се поврзани со настанувањето на дијабетес тип 2.
Го снижува нивото на холестерол во крвта
Високата концентрација на растителни влакна во киноата, може да помогне при снижувањето на покачениот холестерол. Исто така, претставува одлична замена на протеините од животинско потекло, па со нејзиното консумирање се намалува внесот на масти и холестерол кои најчесто се внесуваат со прекумерна консумација на преработени месни производи.
Го контролира крвниот притисок
Киноата содржи најголема количина на калиум од сите останати житарки, а познато е дека калиумот одржува здрав баланс на натриум во организмот, со што влијае на намалување на покачениот крвен притисок.
Помага во одржување на здрава телесна тежина
Поради растителните влакна и протеините кои ги содржи киноата, таа долго време не држи сити, а со и тоа го намалува апетитот. Додека пак растителните влакна во нејзиниот состав, помагаат во олеснувањето на перисталтиката на цревата.
Ви препорачуваме да прочитате: Киноа – една од најздравите храни на светот.