Последните трендови на здрава исхрана скоро задолжително го вбројуваат тофу сирењето како дел од листата на добри и здрави намирници. Бидејќи е корисно за организмот, а малкумина знаат како да го подготват, ви припремивме рецепт за зачинето тофу со грашок и зачини, чиј вкус е одличен и испробан во нашата кујна!
А, што всушност претставува тофу?
Тофу се нарекува и сирење од соја, бидејќи се произведува слично како и сирењето, со згрутчување на протеините во соиното млеко. Поради богатиот протеински состав, тофуто е одлична замена за месо. Професот Хадемар Банкхофер вели дека тофуто го зајакнува срцето и го намалува ризикот од рак. Тофуто како и сите производи од соја позитивно влијае врз здравјето. Докажано е дека може да го намали високиот крвен притисок и високата вредност на LDL -холестеролот.
Тофуто е многу вкусно кога добро ќе се зачини, па од тука и ни дојде идеја за ваков рецепт. Секако, за да се купи мора прво да се истражи како може да се подготви. Зачинетото тофу може да се динста, вари или пржи и да се јаде со зеленчук. Ние го подготвивме со грашок, а што се однесува на изборот за набавка, можеме да го препорачаме тофу сирењето на E-vita. Супер е што се погрижиле да го има во повеќе вкусови, а ние избравме да го пробаме обичното несолено тофу сирење и самите да го зачиниме по желба. Тоа спаѓа во макробиотска храна, што е дополнителна причина да биде често вклучено во нашето мени.
Во предложениов рецепт, количината на состојките се однесува за 2 порции.

Состојки:
- 200 гр тофу сирење
- околу 3 чаши грашок
- 1 лажица маслиново масло
- 2 рамни лажици путер
- сол по вкус
- чили по вкус
- куркума по вкус.
Подготовка:
- Подготовката е супер лесна и брза. Прво ставете го грашокот да се вари. Може да користите замрзнат или свеж. Сварениот грашок исцедете го и оставете малку да се излади.
- Во меѓувреме, започнете со подготовка на тофуто. Прво исечете го на ситни коцки со големина помеѓу 0,5 см и 1 см.
- Во тавата прво ставете го маслото, а потоа додајте го и путерот.
- Веднаш штом се стопи, додајте ги коцките тофу сирење и запржете ги. Внимателно промешувајте за да се запржат од сите страни.
- Штом тофуто се запржило, додајте го и исцедениот грашок и повторно измешајте.
- На крај, додајте ги и зачините. Посолете, додајте чили и куркума по вкус и уживајте во прекрасниот и здрав оброк. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Ориз со сос од печурки и тофу сирење.