Интегрални макарони со печурки и спанаќ

Интегрални макарони со печурки и спанаќ

Вкусот на спанаќот им дава посебна свежина на вака подготвените макарони со печурки. Одлични се за брз оброк кој може да биде искористен како лесен ручек или вечера.

За оние кои го обожаваат традиционалниот вкус на бели тестенини, интегралните макарони може да ги заменат со други по желба. Доматната салса овозможува спојување на состојките и формирање на уникатен вкус. Спанаќот како здрава состојка и храна која е достапна за секое семејство и еден од најпопуларните зелени листести зеленчуци, одлично се вклопува во вкусот, а за неговата корист за нашето здравје можете да прочитате тука.

Интегрални макарони со печурки и спанаќ

Состојки:

  • 250 гр интегрални макарони
  • 15 свежи шампињони
  • 250 гр спанаќ
  • 6 лажици доматна салса
  • 3 чешниња лук
  • масло и сол по потреба.

Подготовка:

  1. Прво припремете поголемо сад и ставете ги макароните да се варат во поголема количина посолена и зовриена вода.
  2. Во тава на оган ставете масло и во неа додајте ги сечканите печурки.
  3. Печурките пржете ги додека испари водата која ја пуштаат, а потоа додајте ги исечканиот спанаќ и сечканото лукче.
  4. Откако спанаќот ќе омекне додајте ја доматната салса и малку сол.
  5. На крај додајте ги сварените макарони, измешајте убаво и послужете.

На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошеска Глигоровска.

Сподели: