какао - чоколадо

Какао за подобро расположение, здравје и убав изглед

Какао или прав за среќа и убаво расположение! Омилена состојка во голем број колачи и десерти. Верувале или не, какаото е многу повеќе од обичен прав кој и тоа како помага за подобро расположение, а одлично е и за вашата кожа и за здравјето на срцето.

Какао за подобро здравје на срцето

Почестете го своето срце со овој ароматичен прав. Кога станува збор за здравјето на вашето срце, придобивките кои се должат на флавоноидите во какаото се многубројни. Kакаото помага за намалување на крвниот притисок, придонесува за намалување на лошиот (ЛДЛ) холестерол, како и за намалување на целокупниот ризик од срцеви заболувања. Доколку правите какао, имајте на ум дека подобро е доколку наместо шеќер го засладите со мед, а барем 1 лажичка какао дневно помага за да може организмот да ја извлече користа од него.

Какаото ја намалува желбата за слатко

Прескокнете ги разните колачи и уживајте во мирисот на какао. Тоа има богата арома, така што само неговиот мирис ја намалува за околу 50% желбата за благо. Всушност, неговиот мирис ги активира истите неуротрансмитери во мозокот, кои се стимулираат кога јадеме чоколадо. А, доколку и мирисот на какао не ви помогне да се ослободите од желбата за благо, барем ќе придонесе да изедете помала количина.

какао

Какао прав за одличен изглед на кожата

Какаото содржи антиоксиданси кои помагаат во обновување на оштетените клетки на кожата и ги неутрализираат штетните слободни радикали. Направете маска од какао која ќе ја подмлади кожата на вашето лице: измешајте 1 лажица какао, 1 лажичка мед, 1 лажичка мелени овесни снегулки и 2 лажички полномасен јогурт. Нежно втријте ја маската на чиста и влажна кожа. Оставете ја да стои 15 минути, па исплакнете ја со млака вода. Третманот повторувајте го еднаш седмично.

Какао за подобро расположение

Не само што е многу погодно за непцата, какаото може да го подобри вашето расположение и да ве направи среќни. Тоа содржи повеќе од триста соединенија, од кои поголемиот број има позитивен ефект на мозочната хемија. Некои од овие соединенија го подигнуваат нивото на ендорфин и серотонин кои се одговорни за добро расположение. За да се чувствувате угодно и прекрасно, направете си топло какао. Насмевката ќе блесне на вашето лице!

Сподели: