Бадемите се мошне хранливи намирници кои треба секојдневно да се присутни на нашето мени. Тие не само што се добри за нашето здравје, туку се корисни и за убавината на кожата. Не треба да се заборави и маслото кое има бројни благодети, а во продолжение дознајте како да направите домашно бадемово масло за нега на кожа.
Исончанта кожа бара дополнителна нега, а бадемовото масло е идеално за таа намена. Тоа има силни антиинфламаторни особини, па затоа има способност да ги ублажи осипите и кожните алергии, а го помага и процесот на зараснување на некои помали рани. Поволно делува и против акни и митесери. Има силни хидратантни својства, содржи витамин Е и ја нормализира pH вредноста на кожата, ги ублажува темните дамки и го спречува настанувањето на стрии. Бадемовото масло во комбинација со некои етерични масла помага во ублажувањето и на некои здравствени проблеми и тегоби. Така, во комбинација со масло од рузмарин ја подобрува циркулацијата.
Како да направите домашно бадемово масло?
Потребни состојки:
- 1 чаша непечени бадеми
- 2-3 лажици маслиново масло.
Начин на подготовка и употреба:
- Најпрво бадемите исчистете ги од лушпата и исечкајте ги на крупни парчиња.
- Потоа, парчињата бадеми додајте ги во блендер или кујнски апарат за сечкање. Важно е да користите моќен блендер. Во спротивно, бадемите измелете ги крупно со рачна мелница и ставете ги во блендерот. Блендирајте така што постепено ќе ја засилувате брзината на блендерот.
- Во измелените бадеми додајте го маслиновото масло и блендирајте уште кратко време.
- Штом смесата од бадеми и масло ќе добие фина и кремаста структура, извадете ја од блендерот. Складирајте ја во чиста тегла со капак, на собна температура околу две седмици. За тоа време, маслото ќе се одвои од парчињата бадеми и ќе биде спремно за употреба.
- Маслото треба да се нанесува на чиста кожа за да може да продре во секоја пора на телото.
Ви препорачуваме да прочитате: Бадеми – една од најзадвите намирници во светот.