Кој би рекол дека нешто вака прекрасно како оваа лепеза од јаболко може да се направи толку едноставно и лесно? Може да се каже дека сите би помислиле „Треба да сум многу вешт за да успеам“, но верувајте дека и не е толку сложено колку што личи, напротив е вистинско задоволство и интересна активност за секого.
За да направите лепеза од јаболко, која што освен што ќе ви ја краси трпезата и ќе ви ги радува очите, исто така може да се јаде. Потребно ви е јаболко кое е здраво и свежо, а бојата може да биде, зелена, црвена или жолта според тоа што вие сте го замислиле или пак според другите бои кои сте ги предвиделе за декоративниот изглед на јадењата, приборот, а и целата трпеза.
Постапка за изработка на лепеза од јаболко
- Јаболкото најпрво пресечете го на парче кое е блиску до половина, но не и до крај, за да не ги пресечете и семките, или најдобро пресечете го на 1 см од центарот.
- Од пресечената страна, ставете го јаболкото врз површината за сечење и исечете тенки лентички со дебелина од 1-2 мм. Исечете само до половина од парчето.
- Свртете го парчето така што ќе го оставите врз последното пресечено парче (најдобро погледнете го краткиот видео приказ), а потоа отстранете го најгорното парче (тоа е најмалото почетно парче) и со чепкалка за заби прободете до основата.
- Со помош на топчесто лажиче издлабете топче од преостанатот парче и истото поставете го на долниот дел од чепкалката за заби, тоа ќе ја подигне лепезата од површината.
- Потоа само раширете ги лентичките од јаболко и декорирајте со ситно бобинкасто овошје.