Фритули со јаболко

Фритули со јаболко

Го обожавате вкусот на јаболката, но не знаете каков десерт да подготвите? Нашата пријателка Славица ни сподели одличен рецепт. Фритули со јаболко кои се неверојатно вкусни и ароматични, а подготовката е лесна и едноставна. Со брз рецепт и малку вештина ќе имате вкусно слатко задоволство со кое сите ќе ги изненадите.

Незаменлив вкус и мирис за ладните врнежливи денови. Одличен десерт кој ќе ве освои на прв залак. Направете фритули со јаболко и почастете се со семејството и пријателите.

фритули со јаболко

Состојки:

  • 200 г кисело млеко
  • 1 јајце
  • 2 лажици шеќер
  • прстофат сол
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица рум или ракија
  • 300-350 г брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 јаболко (средна големина)
  • масло за пржење.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги киселото млеко, јајцето, шеќерот, солта, ванилиниот шеќер и румот и изматете ги. Потоа, додајте 200 г брашно и прашакот за печиво. Миксирајте за да добиете хомогена смеса. Јаболкото изрендајте го и додајте го во смесата. По потреба додавајте од брашното за да добиете средно густа смеса.
  2. Во подлабок сад ставете поголема количина на масло. Фритулите не треба да го допираат дното, туку треба да лебдат во маслото.
  3. Загрејте го маслото на средна температура. Ако маслото е премногу жешко, фритулите брзо ќе потемнат и ќе изгорат. Со помош на дрвена лажица проверете дали е доволно загреано маслото (околу лажицата треба да се формираат мали меурчиња).
  4. Со лажичка, претходно намачкана со масло, земајте од смесата и ставајте ја да се пржи. Превртувајте ги од сите страни додека да поруменат.
  5. Испржените фритули извадете ги на хартија за да се впие маснотијата.
  6. Декорирајте ги со растопено чоколадо и шеќер во прав и послужете ги. На здравје!

Совети од авторот:

  • Количината на брашно зависи од големината и сочноста на јаболкото.
  • Фритулите може да ги послужите и со мед, мармалад или џем по желба.

Автор на рецепт: Славица Атанасовска.

Ви предлагаме да прочитате: Палачинки со фил од јаболка.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: