Летото е совршена можност за да уживате во „чоколадна фонтана“ подготвена во вашиот дом. Сѐ што ви е потребно е совршено чоколадно фонду и сезонско овошје како јагоди, банани, грозје, киви или било кое друго по желба. Чоколадното фонду може да го користите и за глазирање на колачиња, манчмелоу и оризови галети. Уживањето е гарантирано.
Ова е совршена можност за сладење со вашите сакани или забава со децата во удобноста на домот. Нема некој што не обожава чоколадо, а во комбинација со овошје е добитна комбинација која освојува! Одвојте малку време и препуштете му се на уживањето со вашето чоколадно фонду.

Состојки:
- 300 г Синтагма какао крем за торти од Витаминка (чоколадо за готвење)
- 1/3 чаша млеко
- 1/3 чаша слатка павлака
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- јагоди, парчиња банана, грозје, парчиња киви или друго овошје по избор.
Подготовка:
- Во сад на тивок оган загрејте ги чоколадото, млекото и слатката павлака. Мешајте често и не дозволувајте смесата да зоврие.
- Откако чоколадото ќе се растопи и добиете смеса со мазна и изедначена текстура додајте го ванилиниот шеќер. По потреба додајте уште 1 лажица млеко или слатка павлака за да ја добиете посакуваната густина.
- Вака подготвеното фонду чувајте го во сад на пареа сѐ до служењето за да не се згусти.
- Послужете го со сезонско овошје како јагоди, грозје, парчиња банана или киви. Уживајте во светот на вкусовите!
Совет плус: Доколку ви остане дел од чоколадното фонду складирајте го во чиста тегла со капак и чувајте го во фрижидер. Пред наредната употреба само загрејте го и забавата може да започне повторно. А ако сакате да експериментирате и да направите бело чоколадно фонду или фонду со вкус на јагода, користете Синтагма млечен крем за торти (бело чоколадо) или Синтагма млечна табла за торти и колачи со јагода во прав.
Ви препорачуваме да прочитате: Брза чоколадна салама за 10 минути.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.