Сте се запрашале ли колку калории има во овошјето кое го јадете? Сигурно често ви досадува секој залак да го мерите, да ги броите калории и да правите досадни пресметки, за на крајот повторно да имате лоши резултати.
Сега одредувањето на калориите е многу лесно. Погледнете го видеото, во кое на лесен начин е прикажана е енргетската вредност на овошјето и следете ја следната листа.
Енергетска вредност на овошјето
- Боровинки – 1 ¼ чаша полна со боровинки има 103 калории. Научниците претпоставуваат дека боровинките може да помогнат во спречување на кардиоваскуларните заболувања, во превенција и лекување на шеќерната болест, го прочистуваат организмот, го зајакнуваат имунитетот и здравјето на очите.
- Киви – калориската вреднос на 2 кивиа е 93. Овие овошки се богати со витамин Ц, растителни влакна, калиум и магнезиум.
- Круши – 1 круша со средна големина има 96 калории. Крушите се добар извор на растителни влакна, кои имаат лековито влијание врз дигестивниот и кардиоваскуларниот систем.
- Банани – 1 банана со средна големина има 105 калории. Високото ниво на триптофан кој го содржат бананите, во организмот се претвора во серотонин, познат како хормон на среќата. Серотонинот е одговорен за доброто расположение и помага за полесно справување со стресот.
- Јаболка – 1 ¾ чаши полни со јаболка имаат 99 калории. Јаболката помагаат за намалување на апетитот, а експертите велат дека е доволно да консумирате едно јаболко пред еден оброк во денот за да го намалите бројот на калории што ќе ги внесете.
- Јагоди – 2 чаши полни со сечкани јагоди имаат 106 калории. Јагодите содржат значителни количини на витамините од Б групата, посебно витаминот Б6, нијацин, пантотенска киселина и фолна киселина.
- Диња – 2 чаши полни со парчиња диња имаат 106 калории. Застапеноста на растителни влакна, калиум, витамин Ц и холин во дињата, го прават ова овошје одличен сојузник за здравјето на срцето. Консумацијата на храна која е богата со калиум може да помогне за намалување на високиот крвен притисок.
- Грозје – 30 големи зрна грозје имаат 101 калорија. Црвеното грозје содржи ресвератрол кој е значаен полифенолен антиоксиданс. Се претпоставува дека ресвератролот може да има улога во превенцијата на канцер и срцеви заболувања, како и продолжување на животниот век.
- Лубеница – 2 ¼ чаша полни со парчиња лубеница имаат 103 калории. Лубениците се природен диуретик и го потпомагаат слабеењето.
- Портокали – 1 ¼ чаша со парчиња портокали има 106 калории. Портокалите се богати и со витамините А, Б, Ц и Е и со минералите : магнезиум, калиум и фосфор.
Ви предлагаме да прочитате: 8 начини да го забрзате согорувањето на калориите.