Кремасти коцки без печење 1

Кремасти коцки без печење

Брз и лесен рецепт за максимално уживање во викендите, празниците и разните убави поводи! Ако и вие сте обожавател на убави рецепти кои лесно се прават, треба да ги пробате неодоливите кремасти коцки без печење, кои се предлог од нашата долгогодишна пријателка и соработничка Катерина.

На Кате и се заблагодаруваме за овој и сите други испробани рецепти, а вам топло ви ги препорачуваме. Вкусни, па и уште без печење! Може ли да бидат подобри?

Може да ве интересира: Кремаст колач со лешници.

Кремасти коцки без печење 2

Состојки:

  • 1 литар млеко
  • 400 гр шеќер
  • 2 пакетчиња желатин
  • 100 мл млеко за растварање на желатинот
  • 1/2 литар слатка павлака
  • 300 гр мелени наполитанки со вкус на лешник
  • 400 гр мелени бисквити
  • по потреба рендано чоколадо.

Подготовка:

  1. Ставете го млекото и шеќерот да зовријат (може и во касеролата директно).
  2. Додајте го желатинот, претходно растворен во 100 мл млеко.
  3. Оставете да врие 10 минути, а потоа оставете ја да отстои во замрзнувач околу 2 часа.
  4. Изматете ја слатката павлака и додајте ја во смесата со желатин.
  5. Поделете ја смесата на 3 дела.
  6. Во едниот дел ставете ги мелените бисквити, во другиот дел мелените наполитанки, а третиот нека остане бел.
  7. Во правоаголен плех ставете ја прво смесата со бисквити, потоа со мелените наполитанки и најгоре белата смеса.
  8. Одозгора изрендајте чоколадо и оставете да отстои во фрижидер.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадни кремасти коцки со бисквити и лешници.

Сподели: