Знаете ли зошто ги обожаваме десертите во чаша? Затоа што секој може да ги направи без да се грижи за изгледот на десертот. Затоа десертот после ручекот или вечерата не мора секогаш да биде во вид на торта или колач. Изненадете ги блиските и вашите гости со кремасто тирамису во чаша.
Тирамисуто веројатно на сите им е добро познато, а денес споделуваме еден интересен и необичен рецепт за овој популарен десерт во облик на крем кој се служи во чаша. Десертите во чаша во последно време се мношне популари и често се служат на разни семејни прослави. Тоа воопшто не е чудно, затоа што ваквите десерти се навистина ем многу вкусни, ем декоративни и невообичаени. А што е најважно, многу лесно се подготвуваат со намирници кои се лесно достапни.

Состојки:
- кршени бисквити по потреба (најдобро е да користите подебели бисквити)
- 1 ½ лажица инстант кафе
- ¼ чаша жешка вода
- 1 чаша слатка павлака за готвење
- 1 ½ чаша шеќер во прав
- 240 г маскарпоне сирење или некое друго несолено крем сирење
- 1 лажица екстракт од ванила
- 1 лажица какао
- неколку свежи ливчиња нане за украсување.
Подготовка:
- Инстант кафето прелијте го со жешка вода, промешајте го и оставете го да се излади околу 5 минути.
- Слатката павлака ставете ја во сад за матење. Матете ја со миксер додека добиете цврст шлаг.
- Во друг сад изматете го крем сирењето, екстрактот од ванила и шеќерот во прав.
- Кремот од сирење соединете го со шлагот од слатка павлака.
- Бисквитите преполовете ги и натопете ги во инстант кафето.
- Омекнатите бисквити ставете ги во 4-6 чаши. Потоа додадете слој од кремот од сирење и шлаг, па малку какао во прав. Повторувајте ја постапката се додека не ја наполните чашата до крај.
- Откако ќе ја наполните чашата, поросете ја со какао и украсете ја со неколку свежи ливчиња нане.
- Вака подготвеното тирамису во чаша ставете го во фрижидер за добро да се излади и спојат вкусовите. Потоа послужете го. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитат: Рецепт за тирамису.