Не постои некој кој може да му одолее на мирисот на свежо печен леб, а посебно ког е вака симпатично припремен со многу љубов и интересни состојки кои го дополнуваат вкусот. Ова е нешто што мора да се проба!
Нашата пријателка од блогот trydiani е вистински талент за прекрасни кулинарски нешта. Одлично ќе ви се вклопи во секоја обична и свечена пригода.

Состојки:
- 2,5 чаша бело брашно
- 1/2 чаша интегрално брашно
- 1 чаша топла вода
- 20 гр. свеж квасец
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажиче шеќер
- прстофат сол
- 1 лажиче оцет
- 1/2 чаша исечкано маслинки
- 1/3 чаша сечкани ореви
- 1 лажица сечкани суви домати
- 1 до 2 лажици маслиново масло за премачкување
Подготовка:
- Во сад се ставаат квасец, шеќер, 50 мл вода, 1 лажица брашно, се меша и се остава 10 минути, за да нарасне квасецот.
- Во длабок сад за месење се ставаат брашното, солта, нараснатиот квасец, преостаната вода, оцетот и маслиново масло. Смесата се меси додека се добие хомогено и меко тесто.
- Потоа се става да нарасне за време од 1,5 часа во покриен сад, на топло место.
- Од нараснатото тесто се развлекува кора, се премачкува со маслиново масло и се посипува со исечкани маслинки, ореви и суви домати.
- Кората се обликува во форма на ролат и се става во намрсен сад, обложен со хартија за печење.
- Лебот се остава да нарасне дополнителни 30 минути. Пред печење, лебот попречно се засекува и се премачкува со маслиново масло.
- Се пече во претходно загреана рерна на 180 степени за време од 30 до 35 минути.