Прекрасниот леб со маслинки, сирење и сланина е одличен за декорација и разведрување на празнична и домашна трпеза. Угодете им на гостите, на блиските и саканите, изненадете ги сите со вкусниот леб со маслинки и други додатоци. Фантастичен и за вкус и за изглед!
На сајтот eatwell101 каде што има одлични испробани домашни рецепти, го најдовме и овој извонреден леб и со големо задоволство го споделуваме со вас. Еве како можете да го направите.

Состојки:
- 150 мл бело вино
- 100 мл маслиново масло
- 250 гр брашно
- 4 јајца
- 1/2 лажичка сол
- 1 лажичка прашок за печиво
- 150 гр рендано швајцарско сирење
- 1 главица црвен кромид
- 100 гр сланина
- 200 гр шунка
- 100 гр црни маслинки
- 100 гр зелени маслинки
- 2 лажици сечкан магдонос.
Подготовка:
- Во длабок сад истурете го виното, додадете ги маслото, јајцата и солта, а потоа добро измешајте за убаво да се соедини смесата.
- Во посебен сад ставете ги брашното и прашокот за печиво, а потоа додајте ги кон останатите состојки.
- Ситно исечканиот кромид ставете го во тава, а потоа испржете го со малку путер и маслиново масло.
- Додадете ја сланината, претходно исечкана на коцки.
- Маслинките исечкајте ги на кругови и заедно со ситно исечканата шунка, ренданото сирење и магдоносот додадете ги во тестото.
- Добиената смеса се става во калап за печење леб. Се пече во загреана рерна на 180 степени, за време од околу 60 минути.