Лесна пита со зеленчук - без глутен 1

Лесна пита со зеленчук – без глутен

Оваа лесна пита со зеленчук настана потполно спонтано, а вкусот кој се создаде баш одличен! Започнавме да ја правиме како за забава и интересно време во кујна, па добивме нешто вкусно кое може да се јаде засебно или пак во комбинација со друго јадење како еден вид вкусно зачинето лепче.

Од кујната на Сѐ за храна со љубов за нашите драги дегустатори! Има многу убава арома и пријатен лик. Можете да ја понесете на работа и да ја премачкате со некој млечен намаз, павлака, или да ја јадете со чаша јогурт. Веруваме дека и вас ќе ви се допадне и ќе ја обожавате како и ние.

Лесна пита со зеленчук - без глутен 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Празот измијте го, излупете го и и ситно исечкајте го. Ставете го во тава со малку масло за да се пропржи.
  2. Пиперките измијте ги и исто така исечкајте ги на парчиња, а потоа додајте ги во тавата со празот, кратко да се пропжат.
  3. Морковот и компирите прво измијте ги и излупете ги, па изрендајте ги.
  4. Во поголем сад ставете ги јајцата и убаво изматете ги.
  5. Потоа во садот со јајцата додајте ги пченкарното брашно и печивото.
  6. Додајте ги и запржениот праз и пиперки, како и ренданите компири и морков.
  7. На крај, додајте ги овесот и сончогледот. Посолете и убаво измешајте ја целата смеса.
  8. Тавата за печете обложете ја со хартија или намрсете ја со масло (можете да користите големина бр 24 или поголема по желба).
  9. Печете околу 15 минути во загреана рерна на 200 степени, а потоа намалете ја температурата на 100 степени и печете уште 10-тина минути.

Ви препорачуваме да прочитате:6 испробани рецепти за брзи пити без глутен.

Сподели: