Штом станува збор за месени специјалитети со готови кори кои секој може да ги направи, секогаш има место на sezahrana.mk. Ретко кој сака да меси и да тегни кори, па како најдобра алтернатива се рецептите со готови кори. Еве еден таков рецепт за лесни и брзи мазничиња со готови кори.
Рецептот ни доаѓа од кујната на Клара, а комбинацијата на состојки ветува дека ќе добите меки и сочни мазничиња со прекрасен фил од изварка.

Состојки:
- 500 гр готови кори за пита
- 500 мл млака вода
- 20 гр свеж квасец
- 1/3 лажиче шеќер
- 1 рамно лажиче сол
- ½ чаша масло
- 2 чаши брашно
Фил:
- 500 гр изварка (урда) или сирење
- 3 јајца.
Подготовка:
- Во млаката вода се раствора квасецот и се додаваат шеќерот, и малку брашно. Се остава 10 минути квасецот да нарасне. Се додава брашното, маслото и солта и се меша со помош на жица. Смесата треба да дојди малку погуста од онаа за палачинки.
- Изварката или сирењето се дроби и се меша со јајцата. Доколку има потреба се посолува.
- Се зема по еден лист од готовите кори и се премачкува со квасната смеса, насекаде и по рабовите со помош на четче. Се става од филот и се витка во ролна, па потоа во вид на мали мазничиња-пинерлии. Сирењето можи да го поставите покрај почетниот раб на кората или пак, да го распрскате насекаде низ кората.
- Така спремените мазничиња ставете ги во подмачкан плех, премачкајте ги со остатокот од смесата, покријте ги со кујнска крпа и оставете ги во топла просторија најмалку половина час или пак ако е поладно и 1 час да одстојат.
- Потоа ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени.
- Топлите печени мазничиња со готови кори, оставете ги кратко да се изладат, а потоа сервирајте ги со кајмак, кисела павлака, кисело млеко или јогурт. На здравје!
Рецептот го испратил: Клара Бос.
Ви препорачуваме да прочитате: Мазник – вртена пита со мелено месо.