Лесно направете украс снешко 1

Лесно направете украс снешко

Несомненодомашно направениот украс снешко засекогаш ќе им биде омилен зимски лик на вашите деца. Додека надвор сеуште нема доволно снег и не можете да направите вистински снешко, може да го искористите овој видео туторијал и подеднакво да се забавувате.

Ова е една од најслатките и наједноставните играчки кои може да ги направите за децата како поклон за престојните празници. Постапката за изработка на украсниот снешко е многу едноставна. На вас останува само да ги следите инструкциите и да ги израдувате вашите малечки со оваа слатка играчка.

Како да го направите?

Пред да започнете, проверете дали ги имате на располагање следните материјали:

  • дебели, бели спортски чорапи
  • ориз
  • ножици
  • ластика
  • копчиња
  • игла и конец
  • малку материјал за шалче.

Начин на изработка:

  1. Пресечете го чорапот на местото определено за петицата.
  2. Потоа чорапот превртете го наопаку.
  3. Местото каде го пресековте чорапот, подврзете го со ластика или сошијте го ако ви е страв дека ластикот може да попушти.
  4. Превртете го чорапот од надворешната страна и наполнете го со ориз.
  5. Наполнетиот чорап, врзете го со ластика на две места, така што ќе формирате облик на снешко.
  6. Од парчето материјал исечете тенка лента која ќе ја врзете како шал на вратот од снешкото.
  7. Со помош на игла и конец сошијте му очи и нос, или закачете му игли со топчиња на врвовите.
  8. На стомакот, сошијте му копчиња.
  9. Остатокот од чорапот, кој го отсековте на почетокот, превиткајте го во облик на капа и ставете го на главата од снешкото.

Ви препорачуваме да прочитате: Направете снешко од пластични чаши.

Сподели: