Летен водич за хидрирана и сјајна кожа во лето

Сакате да заблескате оваа сезона и да имате хидирана и сјајна кожа на лицето и телото? Летото е идеално за дружења и одмори, а секако и по некоја фотографија за спомен од убавите моменти. Но, не сте задоволни од изгледот на кожата? Не користете програми за прикривање на недостатоците на фотографиите. Истакнете ја вашата убавина со природни состојки и следете ги нашите совети за хидрирана и сјајна кожа во лето.

За време на топлите денови кожата обилно се поти, а освен изгорениците од сонцето, често се јавуваат иритации, црвенила и осипи на кожата. Дополнителното мрсење во летниот период доведува до појава на митесери и акни. Затоа важно е да се води посебна грижа, особено за време на екстремно високите температури кои достигнуваат и до 40 степени. Еве неколку корисни совети со кои ќе ја зашитите и подобрите кожата на лицето и телото.

Летен водич за хидрирана и сјајна кожа во лето

Внимателно и нежно отстранувајте ја потта од лицето

Отстранувањето на потта на лицето со помош на рацете не е најдобра опција во летниот период. Најдобро е да користите памучни марамчиња или освежителни марамчиња со додаток на алое вера и екстракт од краставица. Алое верата и краставицата ја разладуваат и освежуваат кожата.

Длабински хидрирајте ја кожата 

За време на летото, како последица на високите температури, обилното потење и изложеноста на сончевите зраци, кожата може да стане сува и „безживотна“.

За да го сочуваат и подобрат изгледот на лицето, жените ширум светот длабински ја хидрираат кожата со растителни масла. Природната нега на кожата нуди бројни придобивки и е се поактуелна во светски рамки, но и кај нас. Од растителните масла, можеме да го издвоиме ладно цеденото масло од чиа семе кое е одличен извор на нутриенти кои имаат докажани здравствени придобивки. Кога станува збор за здравјето и негата на нашата кожа, покрај внесот преку храната, маслото од чиа семе може да дејствува ефикасно и кога се нанесува од надвор, на самата кожа. За прв пат на нашиот пазар и ексклузивно од страна на компанијата Агрофила сега имаме можност да ги искористиме придобивките од маслото од чиа преку користењето на нивниот нов производ – природен вегански, рачно изработен сапун со ладно цедено масло од чиа.

Летен водич за хидрирана и сјајна кожа во лето

Која е тајната на негата со помош на сапунот и масло од чиа?

Чиа маслото содржи идеален однос од околу 3:1 на есенцијалните омега 3 (алфа линоленска масна киселина) и омега 6 (линолеинска масна киселина) што го прави идеално и супериорно за хидратација на кожата без оставање на масни траги. Омега 3 масните киселини имаат антивоспалително дејство со што помагаат во смирување и нега на иритираната или воспалена кожа. Дополнително, маслото од чиа содржи и состојки со антиоксидативно дејство (како цинкот), што ја штити кожата од оштетувањата предизвикани од оксидативниот стрес (оштетувања предизвикани од надворешните фактори како загадениот воздух, ув зраците од сонцето и др.)

Студиите потврдиле дека примената на масло од чиа директно на кожата довело до значително подобрување во функцијата на епидермисот во насока на намален губиток на вода низ него, што е клучно за задршка на водата во кожата, потребно за нејзина подобра хидратација и виталност. Ова потврдува дека маслото од чиа и производите кои го содржат претставуваат идеални навлажнувачи кои спречуваат иритации и дехидрирање на кожата, како и појава на црвенила и флеки, дури и кај лица кои имаат исклучително сува кожа и кожа која чеша и е склона на пукање (пруритис и ксероза), како последица на одредени здравствени состојби (на пример кај лица со краен стадиум на бубрежна инсуфициенција).

Придобивки од консумацијата на масло од чиа

Семето чиа има хранливи и терапевтски својства, а се користи и за производство на масло. Ова здраво семе се користи за лекување на широк спектар на состојби и болести, вклучувајќи ги и проблемите на кожата, настинките и грипот, недостатокот на енергија и воспалението на зглобовите. Богато е со растителни влакна и омега-3 масни киселини, а се смета дека е добро и за срцето. Некои студии сугерираат дека семето чиа може да помогне во намалување на високиот крвен притисок и го намалува ризикот од коронарна срцева болест, срцеви напади и мозочен удар.

масло од чиа

Ладно цеденото маслото од чиа и сапунот со ладно цедено масло од чиа можете да го набавите преку онлајн продавницата на Фила или да го купите од поголемите маркети ширум земјата.

Избегнувајте хемиски пилинзи

Избегнувајте хемиски пилинзи (особено оние на база на АНА кислини) за време на летниот период, затоа што во комбинација со изложувањето на сонце може да предизвикаат иритации на кожата. Предност дајте им на домашните пилинзи.

Избегнувајте тешка шминка

За време на летото, јаката шминка за брзо време се размачкува, а воедно ги затвора порите на лицето на кожата. Тоа може да доведе со појава на митесери. Наместо омилената пудра, користите хидратантен крем со заштитен фактор.

Пијте доволно вода

За време на летото, важно е да ја хидрирате кожата и од внатрешноста. Потрудете се да пиете доволно вода. Нутриционистите препорачуваат да се пие 8 чаши вода, а ако многу се потите, напијте се две до три чаши вода повеќе.

Топ 3 намирници за хидрирана кожа

За да се избегнат негативните последици од изложувањето на сонце, потребно е кожата да се подготви и „однатре” преку храна богата со витамини од Б групата, А, Ц и Е како и каротеноиди кои се наоѓаат во зелениот лиснат зеленчук и бобинкастото овошје. Постојат многу намирници кои треба да се вклучат во исхраната во летниот период, со што би изгледале и би се чувствувале подобро:

Направете си салата со домати

Доматите содржат витамин А и ликопен кој е силен антиоксиданс. Ликопенот го успорува стареењето на клетките и делува антиканцерогено. Затоа за ручек или вечера направете си салата со домати и зачинете ја со ладно цедено сончогледово масло.

Боровинките се богати со флавоноиди кои го успоруваат стареењето

Виолетовата боја на боровинките им ја даваат флавоноидите кои исто така го успоруваат стареењето. Додајте боровинки и микс од четири семиња во утринскиот појадок и започнете го денот со енергија.

Лимон, грејпфрут и киви како природен извор на витамин Ц

Овие овошки се богати со витамин Ц кој помага во формирањето и синтезата на колаген. Состојките кои ги содржат се борат против УВ зраците кои предизвикуваат сончеви пеги, ја поправаат и зацврстуваат кожата, ги подобруваат структурните и функционалните оштетувања. Направете цеден сок од лимон, грејпфрут или киви, ставете неколку коцки мраз и освежете се во топлите денови.

Ви предлагаме да прочитате: Едноставна маска за обновување и зацврстување на косата.

*Спонзориран текст

Сподели: