салата со нудли и зеленчук

Летна азиска салата со нудли, зеленчук и сусам

Шаренило од бои, фантастичен вкус и брз рецепт за салата која освојува! Што има подобро во топлите летни денови од чинија полна со зеленчук? – Овој пат ве водиме во азиската кујна и ви претставуваме летна салата со нудли, зеленчук и сусам. Веганска, посна и идеална за мали деца кои обожаваат нудли, а малку јадат зеленчук. 

Краставица, пиперка, зелка, морков… се само дел од зеленчуците кои нутритивно ја збогатуваат оваа салата со витамин Ц и растителни влакна. А маслото од сусам и семињата ја дополнуваат со здрави масти. Ајде да ја пробаме!

салата со нудли и зеленчук

Состојки:

  • 120 г нудли, шпагети или други тестенини по избор 
  • ½ чаша сечкана црвена зелка
  • 2-3 листови сечкана марула
  • 1 пиперка 
  • ½ краставица 
  • 1 голем морков
  • Семиња и зачини по вкус: сусам, црн сусам, семе од афион, лук во прав, кромид во прав
  • Свеж магдонос за декорација.

Дресинг сос за салатата:

  • ¼ чаша ладно цедено масло од сусам од Фила 
  • 1 лажица лимонов сок 
  • ½ лажица ситно сечкан лук 
  • ½ лажица оцет
  • 2 лажички соја сос
  • ½ мала лажичка свежо рендан ѓумбир по желба
  • ½ лажица сусам
  • 1 лажичка јаворов сируп по желба.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете вода да се вари. Во зовриената вода додајте ги нудлите и сварете ги според упатството наведено на пакувањето. Две од три минути за инстант нудли или 5-7 минути доколку приготвувате шпагети. 
  2. Сварените нудли исцедете ги и исплакнете ги со ладна вода. 
  3. Краставицата исечкајте ја на половинки, пиперките на ленти, а морковот изрендајте го на крупната страна од рендето. 
  4. Во голем сад ставете ги сечканите зеленчуци. 
  5. Започнете со подготовка на дресингот. Во мала тегла ставете ги сите состојки – ладно цеденото масло од сусам, соја сосот, лукот, сокот од лимон… Затворете ја теглата и добро измешајте за да се соединат состојките. 
  6. Во садот со зеленчуците додајте ги нудлите, зачинете со семиња и зачини по вкус, и додајте го дресингот. Измешајте и оставете ја салатата во фрижидер најмалку 30-тина минути. Потоа послужете ја и зачинете со сос и мелен црн пипер по вкус. Уживајте!
салата со нудли - нутритивна анализа

Придобивки од состојките

Краставици

Краставиците го хидрираат организмот и го намалуваат чувството на глад.  Со векови наназад краставиците се користеле како „брз оброк“ кој го отстранува чувството на глад многу брзо. Содржат витамин Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, фолна киселина, витамин Ц, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум и цинк, а имаат малку калории.

Ладно цедено масло од сусам

Ладно цеденото масло од сусам често се користи во азиската кујна. Азиските народи важат за едни од најздравите во светот, а тоа се должи на начинот на исхрана и живот. Маслото е богато со витамините А, Б и Е, а од минералите содржини калциум, магнезиум и бакар. Одлично е за сите вегетаријанци, за лица кои хранат здраво, а се препорачува и при режими на исхрана за слабеење. За наша среќа, ова масло во Македонија го произведува Фила – иновативна компанија и лидер за производство на ладно цедени масла. А, ако сакате да си набавите, ладно цеденото масло од сусам е достапно во поголемите и подобро снабдени маркети, а може да се набави и од онлајн продавницата на нашите пријатели Фила.

масло од сусам

Сусамовото масло се користи и како лековито масло илјадници години наназад, па ти препорачуваме да прочиташ: Употреба на ладно цеденото сусамово масло како лек и 10 негови здравствени придобивки.

Сусамовото масло може да се користи за најразлични рецепти, како:

Црвена зелка

Се смета дека црвената зелка има највисока содржина на антиоксиданси од сите зеленчуци. Антиоксидансите го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, оштетувањата на мозокот како Алцхајмерова болест и превенираат промени во структурата на ДНА под дејство на слободните радикали. Прочитај повеќе на линкот.

Пиперки

Пиперките се одличен извор на витамин Ц, кој е добар антиоксидант и заштитува од слободните радикали. Витаминот Ц исто така помага за здрав имунитет, а ја помага и апсорпцијата на железо.

Хранливата вредност на оваа салата нека ти биде мотивација да ја испробаш во прва прилика!

*Рецептот е овозможен од Фила.

Сподели: