Летото е создадено за брзи и лесни салати кои може да се служат како прилог со главното јадење, но и како комплетен оброк за појадок или вечера. За денес споделуваме една лесна, летна салата со пченка. Се подготвува брзо и нема да ви одземе многу време во кујна, па ќе имате повеќе време за дружба со вашите најблиски и игра со децата, без грижа на совест дека нема да имате здрав оброк за нив.
Краставиците и доматите сега ги има во изобилство на пазарите, па вистинска штета е да не се искористат. Тие треба да бидат секојдневно на нашите трпези. А, во комбинација со пченка, свежи зачини и црвен кромид ќе добиете ем вкусен, ем здрав оброк со нискокалорична вредност на избалансиран појадок за почеток на денот или лесна вечера за мирна ноќ.

Состојки:
- 3 чаши замрзната пченка
- 1 чаша сечкани чери домати
- 1 чаша сечкани краставици
- ¼ чаша сечкан црвен кромид
- 3 лажици маслиново масло
- 1 лажица јаболкова киселина
- сол по вкус
- црн пипер по вкус
- 1 лажичка сечкан свеж магдонос
- свеж босилек или други зачини по ваш вкус.
Подготовка:
- Замрзнатата пченка варете ја 10 минути според инструкциите на пакувањето.
- Во меѓувреме доматите, краставиците и кромидот исечкајте ги на коцки.
- Во длабок сад измешајте ги варената пченка заедно со сечканиот зеленчук. Додајте ги маслиновото масло, јаболковата киселина и свежите зачини по ваша желба. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.
- Вака подготвената салата добро промешајте ја и веднаш послужете ја. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Посни тестенини со брокула и грашок.