Иако, лубеницата поради нејзиниот сладок вкус ја сместуваме во групата на овошје, таа всушност е еден од најпопуларните десертни зеленчуци. Но, без разлика на тоа дали е овошје или зеленчук, со сигурност може да се каже дека таа е една од омилените слатки закуски во летниот период. Покрај тоа што разладува и освежува, лубеницата е и вистински природен чистач на организмот.
Здравствените придобивки од консумирањето на лубеница се многубројни. Освен тоа што содржи повеќе од 90% вода и помалку од 10% шеќер, богата е и со витамини, особено со каротеноиди (бета каротен), витамин Ц и витамини од Б групата. Од минералите содржи калиум, калциум, магнезиум, фосфор, цинк, железо и бакар. Го потпомага процесот на слабеење како и процесот на исфрлање на течностите и отровите од организмот. На тој начин се подобрува функцијата на бубрезите, зглобовите и ‘рбетниот столб. Во продолжение дознајте нешто повеќе за тоа како лубеницата ви помага да го прочистите вашето тело од сите токсини, отрови и вишок течности и соли на здрав и сладок начин.
Лубеницата е најдобар чистач на бубрезите
Лубеницата ги прочистува бубрезите од повеќегодишните наслаги и ја подобрува нивната функција. Како резултат на тоа, индиректно влијае и на функцијата на зглобовите и ‘рбетниот столб.
Помага во елиминирањето на песокот од бубрезите
Стручњаците тврдат дека е можно со помош на консумација на лубеница да се ослободите од песокот во бубрезите. А, доколку имате камен на бубрег се препорачува да се пијат две лажици лимонов сок и две лажици маслиново масло три пати на ден на празен стомак како би се поттикнал процесот на топење на каменот. Доколку истиот би се растопил лесно би можело да се исфрли преку урината.
Намалете го вишокот на сол во организмот со консумирање на лубеница
Прочистувањето со лубеница го потпомага и процесот на елиминирање на вишокот сол од сите делови во организмот. Вишокот на сол може да се јави поради некои здравствени причини или преголема консумација.
Лубеницата ги прочистува цревата и крвните садови
Јадете лубеница и ослободете се од констипацијата! Таа е одличен чистач на цревата, а помага и во воспоставувањето на нормална микрофлора. Исто така, ги прочистува и крвните садови од масни наслаги и ја одржува pH рамнотежата на крвта. Некои нови истражувања покажаа дека лубеницата во некои случаи може да го подобри и машкото либидо.
Совет плус: Некои нутриционисти сметаат дека чистењето на организмот со помош на лубеница може да се спроведе на неколку начини. Како еден од подобрите начини е текот на една седмица да се јаде само лубеница, со тоа што понекогаш може да се разбие монотонијата со по некое парче диња. Во секој случај, ова лето ваш избор за десерт нека биде лубеницата!
Ви препорачуваме да прочитате: Кора од лубеница како сојузник на здравјето – наместо да ја фрлите, искористете ја!