Макало од лук, главно на трпезата 1

Макало од лук, главно на трпезата! – 3 добри начини за јадење

Во македонската култура е „тешко“, а и ретко, да се седне на трпезата без макало. Нашиот народ го обожава овој вкусен додаток на разни начини и од милион причини. Со месо, за макање, како намаз или прилог, вкусно макало од лук е „главно“ на трпезата!

Нам ни е вкусна навика, па некои од начините на кои го користиме, ќе ги споделиме во оваа прилика со вас. Да започнеме!

Макало од лук, главно на трпезата 2

Сервирајте го како прилог

Веќе спомнавме, со скара или со печено месо, макалото е неизбежно добар додаток на трпезата. Мора да напоменеме, дека најдобро одговара со црвено месо, како што е свинското, телешкото, јагнешкото, а помалку со бело месо, на пример пилешко. Сервирајте го во средно големи чинии со мали лажички, нека биде лесно достапно за секого. Додаток плус кој го препорачуваме од нас, се малку запечени лути пиперчиња, кои и тоа како парираат со макалото од лук и месото.

Искористете го како намаз

Не знаете што да јадете? – Еве една многу лесна и корисна идеја која ние често пати ја применуваме. Набавете топол и мек леб или  пак, испечете го на тостер, нека биде крцкав. Намачкајте средно дебел слој и уживајте. Препорака од нас за додаток плус во оваа комбинација е чаша јогурт. Вкусна фантазија, ќе уживате!

Направете си брускети или кубети за мезе

Пробајте и ќе се уверите дека вашите гости повторно ќе го побараат ова мезе. Секој сака да грицка нешто вкусно. За да направите брускети, потребен ви е т.н. француски леб. Насечете го на кришки со ширина нешто помала од 1 см и потоа премачкајте го со макало од лук. За подобар и поинтересен вкус, препорачуваме да додадете и малку сусам. Печете во загреана рерна на 250 степени, за време од 7-10 минути.

Ви препорачуваме да прочитате: Зголемете ја хранливата вредност на лукот со овие трикови.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: