Овoј сос одлично одговара како додаток на варени макарони, шпагети или други тестенини, а по ваша желба можете да го комбинирате и со многу други јадења! Ние избравме да пробаме макарони со млечен сос и оригано. Исклучително брзо и многу вкусно!
Обожаваме јадења кои се приготвуваат лесно. Таков е и овој оброк, спремен за сервирање и јадење за помалку од 20 минути!
Состојки:
- 400-500 гр макарони
- 300 гр кремасто сирење (може фета или друго сирење со низок процент на млечна маст)
- 4-5 лажици павлака
- 1-2 лажички путер по вкус
- oригано по потреба.
Подготовка:
- Најпрво сварете ги макароните. Во солена зовриена вода ставете ги макароните да се варат. Сварените макарони исцедете ги од течноста.
- Во одделен сад ставете ги сирењето, павлаката и путерот и убаво соединете ги.
- Потоа додајте го ориганото и убаво измешајте.
- На крај соединете ги исцедените макарони со сосот и убаво измешајте. И толку, за само 20-тина минути јадењето ќе ви биде на трпезата. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Макарони во сос од топено сирење.