манго за слабеење

Манго за балансирана цревна микрофлора и слабеење

Манго (лат. Magnifera indica) е едно од најстарите овошја на светот, таканаречен крал на овошјата, кое се користи околу 5000 години во исхраната на човекот. Тоа е еден од најпопуларните овошја со неповторлив вкус и арома. Ова е тропски плод и за негова татковина се сметаат рамнините под Хималаите во Индија.

Мангото е егзотично овошје, но денес го има во супермаркетите и подобро снабдените пиљари. Ова овошје се смета за вистински деликатес и позитивно влијае врз цревната флора, така што го спречува губењето на корисните бактерии, утврдиле научниците од универзитетот од Оклахома.

манго

Ако имате проблеми со варењето на храната и нарушена микрофлора јадете манго

Редовната консумација на манго ја подобрува цревната микрофлора, што помага во борбата против дебелина и дијабетес, покажало едно ново истражување. Нарушениот баланс на цревната микрофлора има значајно влијание врз дебелината и компликациите поврзани со нив како што е дијабетес тип 2.

Мангото содржи 20 минерали и витамини. Една чаша со манго содржи 100% од препорачаните дневни дози за витамин Ц, 35% витамин А и 12% растителни влакна. Покрај тоа, карактеристично е тоа што одредени состојки кои ги има во мангото помагаат за разградување на мастите, па затоа често се препорачува во различни начини на исхрана за намалување на килограмите. Исто така, тоа е корисна храна која помага за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта и го зајакнува имунитетот.

Делува превентивно на леукемијата, рак на бели дробови и дебелото црево. Се користи и како средство за подобрување на видот, и различни видови на маски, за подобрување на кожата на лицето.

Ова извонредно и вкусно овошје, со интересна арома може да се користи и за подготовка на разни јадења. Може да се користи како додаток во десерти, декорација, а најубаво е да се изеде свежо. Одлична комбинација е и со различни видови освежителни пијалаци, но и во комбинација со други овошја, за различни овошни салати.

Ви препорачуваме да прочитате: Витамин Ц за силен имунитет и добро здравје.

Сподели: