Знаевте ли дека на лесен и едноставен начин може да добиете ново и повкусно масло за јадење со зачини?! – Летните денови се идеални за негова подготовка, а освен рецепт споделуваме и неколку препораки во кои јадења најдобро се вклопува. Вреди да се проба!
Еве што вели Бетина за маслото за јадење со зачини: „Сега е време кога природата ни дава богати подароци. Искористете ги во подготовка на вкусни билни масла. Ова е одличен начин да ги уживате овие подароци подоцна во текот на годината. Зачинското масло дава особено добар вкус и се користи во салати, маринади за месо на скара, како и за фино зачинување на зеленчук.“

Состојки:
- 375 мл маслиново масло
- 2-3 гранчиња рузмарин
- 2 гранчиња мајчина душица
- 1 чешне лук (по желба)
- 1 лажиче шарен бибер (бел, црн, црвен, зелен)
Подготовка:
- Рузмаринот и мајчината душица измијте ги под млаз ладна вода и оставете ги потполно да се исушат.
- Во чисто и суво шише ставете го биберот, лукот и зачините, па налејте го и маслото.
- Затворете го убаво шишето и ставете го на светло место да отстои 2-3 недели. Повремено (секој втор, трет ден) протресете го шишето.
- Извадете ги зачините, процедете го маслото и ставете го во стаклено шише.
Рецептот го испратилa: B.Kuzevski, zgotvenosoljubov.
Ви препорачуваме да прочитате: Направете сами пикантно масло.