Направете им на вашите најмили нешто поразлично и интересно за појадок или ужина! Овие мини палачинки се привлечни на изглед поради тоа што во средината на тестото се со парче банана. А, вкусот е оној кој задржува, па секој ко ќе ги проба, ќе бара палачинка повеќе.
Лесни се и брзи за подготовка, па за само половина час ќе имате целосно припремен оброк. Може да ги послужите и за десерт, да ги понесете на работа или на пикник.

Состојки:
- 1 чаша брашно
- малку прашок за печиво
- 2 лажици шеќер
- 3/4 чаша кокосово млеко (или кое било друго растително или животинско млеко)
- 1 јајце
- 1 банана
Подготовка:
- Во длабок сад измешајте ги брашното, печивото, јајцето, шеќерот и млекото. Состојките убаво измешајте ги за да добиете хомогена смеса. Смесата која ќе ја добиете е малку погуста од обичната.
- Бананата исечете ја на средно тенки кругови.
- Тавчето во кое ќе ги печите палачинките намрсете го со малку масло.
- На загреано тавче, за 1 палачинка, ставете 1 супена лажица од смесата. Смесата ставете ја на едно место и не ја разлевајте низ тавчето.
- На средината на секоја палачинка ставете по едно парче банана.
- Печете од едната страна 1-2 минути или додека да се појават меурчиња. Потоа палачинката свртете ја на другата страна и печете уште околу 1 минута.
- Готовите палачинки послужете ги за појадок со мед или јаворов сируп, свежи или замрзнати боровинки или друго бобинкасто овошје. Како десерт, сервирајте ги со топка сладолед од ванила.
Ви препорачуваме да прочитате: Интегрални американски палачинки со банана.