Мусака од тиквички со мелено месо и кремаст прелив 1

Мусака од тиквички со мелено месо и кремаст прелив

Летна, сочна и вкусна, баш како што му доликува на топлото време! Мусаката е традиционално проверено јадење кое сите го обожаваме, па може да се каже и без исклучок. А овој, пат, ви предлагаме да ја пробате со мали измени и во подобрена летна верзија. Време е за мусака од тиквички со мелено месо во сос!

Идеална за очи, за вкус, за да ја краси трпезата, да ги радува од најмлади до највозрасни. Придружете ни се и вие во светот на вкусовите и направете ја, фантастична е!

Мусака од тиквички со мелено месо и кремаст прелив 2

Идејата да се проба овој рецепт на малку поинаков начин потекна токму од широката и вкусна палета на нашите пријатели Витаминка, па дел од состојките, кои може да се набават од кај нив, несомнено ги препорачуваме да ги искористите и вие, за крајниот резултат да биде големо вкусно уживање. Нам веќе повторно ни отвори апетит и се припремаме за нова гозба!

Состојки:

  • 2 тиквички
  • 2 јајца
  • 4-5 лажици брашно
  • 100 гр лебни трошки

За фил:

За кремаст прелив:

Подготовка:

  1. Прво припремете ги тиквичките. Измијте ги, излупете ги и исечете ги на кругови. Mалку посолете ги и оставете ги околу 30 минути да отстојат, за да ја испуштат водата.
  2. Во меѓувреме припремете го филот. Лукот излупете го и ситно исечкајте го. Кромидот исто така излупете го и исечкајте го на ситни коцки.
  3. На оган ставете тава со малку масло да се загрее. Штом маслото добро се загреало, прво ставете го претходно припремениот лук малку да се пропржи со постојано мешање.
  4. Откако ќе пушти ароматичен мирис или по 1-2 минути, додајте го и кромидот. Може да додадете и малку вода.
  5. Повремено мешајте, а откако кромидот ќе се запржи, во тавата додајте го и меленото месо и пржете ги заедно.
  6. Зачинете со црниот пипер, малку сол, мешан зачин и прстофат ситна црвена пипер. Тавата со готовиот фил тргнете ја од огнот.
  7. Во сад изматете ги јајцата, а во одделни садови припремете ги и брашното и лебните трошки.
  8. Секој од круговите тиквичка извалкајте го прво во брашно, па во јајце, па во лебни трошки и редете ги како и за обична мусака во тава. По желба, тавата може да ја обложите со хартија за печење.
  9. Откако сте наредиле ред од така припремените тиквички, распоредете го филот. Наредете уште еден ред тиквички припремени на истиот начин.
  10. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени за време од 20 минути.
  11. За тоа време припремете го кремастиот прелив. Во сад изматете ги јајцата со помош на виљушка, па додајте го Витанез мајонезот, кечапот и павлаката. Измешајте добро. На крај додајте го и изренданиот кашкавал во количина по желба.
  12. Откако поминале 20 минути од печењето, додајте го преливот од горе, декорирајте со шери домати или поинаку по избор и печете уште 20 минути, или додека површината убаво се зарумени, зависно од рерната. Најдобро е кога е топло, на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Крцкави печени тиквички со сос од кечап и мајонез и Домашна пеперони пица.

*Комерцијален рецепт

Сподели: