Намаз од домати и црни патлиџани

Намаз од домати и модри патлиџани

По изгледот многу потсетува на ајвар, а по вкусот се разликува многу! Овој прекрасен намаз од домати и модри патлиџани е успешен резултат од кујнскиот експеримент на нашата пријателка од блогот Кuhinjica Мignone.

Така, можете слободно да го направите и да уживате во одличниот вкус, бидејќи е испробан и вреден да се сподели со сите познаници, како што сподели нашата пријателка со нас.

Намаз од домати и црни патлиџани

Состојки:

  • неколку крупни домати
  • 1-2 модри патлиџани
  • неколку чешниња лук
  • сол по вкус
  • мелена црвена пипер по желба.

Подготовка:

  1. Најпрво убаво измијте ги доматите и модрите патлиџани, излупете ги, а потоа исечете ги на кругови дебели околу 1 см.
  2. Убаво наредете ги во плех, налејте малку масло врз низ, посолете ги и ставете ги да се печат на 200 степени околу 30 минути за да омекнат.
  3. Почекајте малку да се изладат, а потоа ситно исечкајте ги или иситнете ги со блендер.
  4. Во малку масло пропржете го ситно сечканиот лук, па додајте го иситнетиот зеленчук и динстајте околу 10 минути за смесата да се згусне.
  5. Посолете по вкус, а по желба додајте малку мелена црвена пипер.

Готовиот намаз од домати и модри патлиџани складирајте го во тегла и чувајте го во фрижидер. Можете да го употребувате како прилог со грицки, намаз за тортилји, додаток за месо и со се што мислите дека вкусот ќе биде погоден, а најдобро би било да го искористите во рок од неколку дена, заради што препорачливо е да го правите во помали количини. Ако пак имате потреба од поголема доза, слободно зголемете ја количината на состојките. На здравје!

Сподели: