Намаз од сирење со ореви

За совршен дочек на новогодишните празници покрај неодоливите Божиќни колачиња, трпезата се разубавува со солени рецепти кои може брзо да се подготват непосредно пред најлудата ноќ во годината. Солени намази, соленки, кифлички и салати се задолжителни на празничната трпеза. А Лана ни предлага рецепт за еден интересен и необичен намаз од сирење со ореви. Вкусно, ароматично и богато, баш како што прилега за една празнична трпеза!

Овој вкусен намаз од сирење и ореви е совршен и за други пригоди кога сакате да послужите нешто вкусно, а брзо и лесно за подготовка. Во комбинација со крекери или брускети сигурни сме дека ќе го задоволи вкусот и на најпребирливите дегустатори. Доколку пак го направите еден ден претходно, ќе заштедите на време, па ќе може повеќе да се забавувавте со гостите.

намаз од сирење со ореви

Состојки:

  • 300 г полномасно сирење
  • 100 г сечкани ореви
  • сол и црн пипер по вкус
  • лук во прав
  • други зачини по желба.

Подготовка:

  1. Сирењето зачинете го по ваш вкус со сол, црн пипер и лук. Може да додадете и некои други зачини и додатоци. Па, така може да ставите сечкани маслинки или пак мелени лути пиперки, потпечен сусам или било кој зачин кој вас ви се допаѓа.
  2. Сирењето со помош на раце обликувајте го во цилиндер или топче.
  3. Оформеното сирење со помош на мрсна хартија или фолија завиткајте го во сечкани ореви.
  4. Вака подготвеното сирење ставете го во фрижидер за да се стегни. Послужете го како вкусен намаз со домашни гризини или крекери.

Ви препорачуваме да прочитате: Посен намаз од индиски ореви и зачини.

Сподели: