Време е за неодоливо вкусен напиток кој е испробан од многумина. Направете си извонредно уживање со здрав шејк со вкус на ванила. Полесно и побрзо не може да биде!
Ние секогаш имаме одличен предлог за брз и лесен рецепт со банана и ванила. Кога ќе го прочитате рецептот, ќе знаете дека е навистина лесно да се подготви ова вкусно уживање кое е добро за здравјето. Со една испиена чаша од вака припремениот напиток од банана и ванила, ќе внесете само 200 калории, и тоа од нив 17 грама се протеини, а има 21 витамин и минерал во својот состав. Исто така, овој напиток ќе ви помогне на повеќе начини:
- ја намалува желбата за храна
- го регулира и намалува апетитот
- го зголемува нивото на енергија
- ја подобрува дигестијата
- има низок гликемиски индекс
- одличен е за имуниот систем.
Состојки:
- 1 банана
- 200 мл обезмастено млеко (со 1,5% млечни масти)
- 2 лажици ванила во прав.
Подготовка:
- Се што треба да направите е да ја излупите бананата, малку да ја исечкате и да ја ставите во блендер.
- Додајте го млекото, а потоа и двете лажици од шејкот од ванила.
- Кратко блендирајте додека се добие шејк со изедначена конзистенција. Готовиот напиток може да го консумирате веднаш. Уживајте во краткото видео и на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за Vanilla Latte кафе.