Направете потполно природен спреј против мувли 1

Направете потполно природен спреј против мувли

Мувлите се многу чест проблем и непријатна појава за секој дом. Токму затоа потребни ни се сите расположливи средства да се бориме против нив, па ви презентираме нов начин со потполно природен спреј против мувли.

Кога мувлите еднаш ќе се појават во вашиот дом, посебно ако станува збор за влажно опкружување како што е купатило, многу е тешко да ја „истребите“ а посебно кога сите знаеме дека може да биде причинител на многу болести. Блогерката Беки открива како се ослободила од мувлите во својот дом. Станува збор за потполно природни состојки, а Беки тврди дека е и повеќе од ефикасен.

Направете потполно природен спреј против мувли 2

Состојки:

  • 1 шолја дестилирана вода
  • 1 шолја водка или ракија
  • 10 капки етерично масло од чајно дрво
  • 10 капки етерично масло од еукалиптус
  • 10 капки етерично масло од лаванда.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во чист сад ставете ја дестилираната вода.
  2. Потоа, во садот додајте ја водката или ракијата и полека промешајте.
  3. Потоа додајте ги капките етерично масло од чајно дрво, од еукалиптус и од лаванда.
  4. Убаво измешајте и течноста турете ја во шише со спрејна пумпа, па добро испрскајте на сите места каде има мувли.
  5. Оставете така да стои барем 30 минути, а потоа едноставно избришете со крпа.

Ви препорачуваме да прочитате: Спреј против пестициди од овошје и зеленчук.

Сподели: