„Ајде да се забавувавме и да ги направиме најкреативните специјалитети за новогодишната и божиќната трпеза! Ве предизвикувам да внесете радост во домот и да направите солена елка со вкусни бомбици од сирење. Како ви се допаѓа овој предлог?
Наместо класичен ордевер, испробајте го овој рецепт. Бомбиците ќе им се допаднат на сите, а редењето на елката е забавно.“ – вели Марија од нашиот тим.
Состојки за елката:
- 30 г кулен
- 50 г шункова салама
- 30 г чајна
- бомбици од сирење
- шери домати.
За бомбици од сирење:
- 100 г Кораб мешано сирење
- 100 г урда (изварка)
- 50 г шункова салама
- лук во прав
- 1 лажица Кораб кисела павлака.
Подготовка:
- Сирењето ставете го во сад со ладна вода и оставате го 20-30 минути за да се отсоли. Потоа изрендајте го на крупната страна од рендето или издробете го со виљушка.
- Саламата исечкајте ја на мали коцки.
- Во длабок сад ставете ги сирењето, изварката, саламата и павлаката. Измешајте ги и зачинете со лук во прав. Од смесата формирајте бомбици.
- Листовите од шунката исечете ги на половина. Потоа заролајте ги за да формирате фишек.
- Врз рамна чинија ставете ред кулен, бомбици, салама, бомбици, чајна, шери домати и една бомбица. Дополнете со шери домати по желба. Послужете со крекери по желба. Уживајте во празниците!
Препорака од авторот:
Од наведената смеса ќе добиете 20 бомбици.
Те мотивирав да ја приготвиш новогодишната солена елка? – Разгледај повеќе празнични рецепти на моите профили и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Марија Кочовска
- TikTok – @marija.kochovska
И штом ja направиш елката, испрати ми ги фотографиите, означи ме или сподели ги во групата Сѐ за храна. – додава Марија.
Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Ви предлагаме да прочитате: Брзи переци од три состојки.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.