Со задоволство споделуваме рецепт за вкусна оброк салата со јачмен, спелта и песто сос! Предлогот е од Катерина и несомнено е добар, пробајте ја!
А, пред тоа, уште неколку збора зошто не треба да се двоумите воопшто и мора да си ја направите салата што поскоро.
Консумацијата на намирници кои содржат јачмен значително го намалува лошиот холестерол, утврдило едно ново истражување. Истражувањето кое е спроведено во Торонто, утврдело дека користењето на јачмен во исхраната го намалува LDL холестеролот кој е уште познат како лош холестерол. Ова е едно од ретките истражувања кои ги анализирале ефектите од консумацијата на јачмен и производите кои го содржат. Резултатите кои се добиени се значајни за целата популација, а особено за лицата кои имаат висок ризик од кардиоваскуларни болести, како и дијабетичарите. Јачменот го намалува вкупниот холестерол кај поединците кои се изложени на висок ризик, но може да има позитивно дејство и кај луѓето кои не се соочуваат со овој проблем.
Спелтата ги содржи сите витамини од Б групата, со исклучок на Б12, а има 7-8 пати повеќе калциум, магнезиум, фосфор и селен од останатите житарици. Во споредба со пченицата, спелтата има неколку предности. Глутенот од спелтата е растворлив во вода, а кога се загрева се разложува и е многу полесно сварлив. Така, за разлика од пченичниот глутен кој кога ќе дојде до органите за варење формира „топчиња“ кои е прилично тешко да се сварат.

Состојки:
- 70 грама јачмен
- 70 грама спелта
- 250 грама шери домати
- 125 грама моцарела
- 1 полна лажица песто сос
- сол по потреба
- масло по потреба.
Подготовка:
- Јачменот и спелтата измијте ги и ставете да се варат. Доволно е да ги варите 35 минути.
- Откако ќе се сварат исцедете ги и оставете да се изладат.
- Сварените јачмен и спелта, ставете ги во длабок сад.
- Додајте ги шери доматите исечени на осминки и моцарелата исечена на помали коцки.
- Додајте го и песто сосот.
- Посолете и ставете малку масло.
- Измешајте убаво и имате супер вкусна салата, која е одлична и како засебен оброк.
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Оброк салата од ориз и варено месо.