„Ова е најкремастата, највкусна рафаело торта со кремаст фил од ванила, лешници и бисквитно тесто од кокос! Една од моите омилени која често е прв избор за роденден или друг повод. Долго време ја правам, па еве прилика да го споделам рецептот со вас. Сите кои ја пробаа ми кажаа дека е една од најубавите торти, а верувајте дека е баш така!
Нема да погрешите ако ја направите, а за сите прашања, слободно контактирајте ме и заследете ме на Instagram или Facebook. Подготовката на тортата е средно тешка, но навистина вреди да издвоите време и да испробате. Продолжете со читање и следете ги моите совети кои ќе ви помогнат при подготовката.“ – срдечно споделува Марија Кочовска од нашиот тим.

Состојки:
За 4 кори:
- 12 белки
- 12 лажици шеќер
- 200 г брашно
- 20 г прашок за печиво
- 200 г кокос.
Фил:
- 1 л слатка павлака
- 500 мл млеко
- 2 пудинзи од ванила
- 4 л шеќер
- 200 г лешници.
За декорација:
- 300 г шлаг пена
- 300 мл газирана вода или млеко
- 200 мл млеко.
Подготовка:
- Во сад за матење ставете 3 белки и додајте 3 лажици шеќер. Изматете ги во цврст шлаг.
- Во чинија измешајте 50 г брашно и 5 г прашок за печиво. Просејте го и додајте го во шлагот од белките. Во садот додајте го и кокосот и измешајте со лажица.
- Тавата (големина 28) обложете ја со хартија за печење. Со лажица или нож распоредете ја смесата за пандишан. Смесата е густа, а тестото е бисквитно.
- Печете за време од 10 минути во загреана рерна на 200 степени. Оставете да се излади, а потоа отстранете ја хартијата за печење.
- Направете 4 вакви кори или 3 по желба.
- Во тенџере на оган ставете 400 мл млеко да се вари. Пудинзите измешајте ги со шеќерот и додајте 100 мл млеко. Штом млекото зоврие, додајте ги пудинзите и варете 2-3 минути додека пудингот се згусти. Оставете го да се излади.
- Лешниците потпечете ги излупете ги. Потоа измелете ги или исечакте ги.
- Слатката павлака изматете ја во цврст шлаг. Поделете ја на два делови. Во едниот дел додајте го изладениот пудинг и измешајте. Во другиот дел додајте ги сечканите лешници и измешајте. Филот со пудинг поделете го на 4 делови, а филот со лешници на 3 делови.
- Во мал сад ставате 200 мл млеко да се загрее.
- Во чинија за торта ставате ја едната кора и попрскајте ја со 50 мл млако млеко. Нанесете од филот со лешниците и израмнете. Потоа нанесете од филот со пудингот и израмнете. Ставете ја втората кора, попрскајте млеко, нанесете фил со лешници и фил со пудинг. Постапката повторете ја и со третата кора. Ставете ја последната кора и премачкајте ја со преостанаиот фил со пудинг. Торатат ставете ја во фрижидер за да се стегни.
- Шлаг пената ставете ја во сад за матење. Додајте ја газираната водата изматете цврст шлаг. По потреба додајте уште вода. Тората измачкајте ја со изматената шлаг пена и декорирајте ја по желба. На здравје!

Препорака од авторот:
Ти се допадна рецептот? Ако си во потрага и по други испробани рецепти за убави торти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Може да ве интересира и: Готвиме со Марија Кочовска: Еврејска торта со ореви и лешници.