М-р Марија Кочовска и М-р Катерина Шамбевска, основачите на ЗЕК Се за храна и главни уредници на sezahrana.mk, по покана на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, овој месец пред студентите од насоката Нутрицинизам, одржаа предавање на тема „Мојата успешна приказна“.
Ова предавање претставува почеток на заедничките академско образовни иницијативи и соработка на ЗЕК Сѐ за храна, Универзитетот „Св. Климент Охридски, Технолошко – техничкиот факултет Велес, Студентски Парламент и КРЕДО Центарот.

Пред многубројната публика од студенти, професори од ТТФ Велес и претставници од Универзитетот „Св. Клиент Охридски“, М-р Марија Кочовска и М-р Катерина Шамбевска говореа за идејата, почетоците и значењето на ЗЕК Сѐ за храна која како организација има за цел да го едуцира и поттикне населението за почеста консумација на здрава храна, да презентира брзи, здрави и лесни рецепти, но истовремено да ја промовира традиционалната македонска кујна. Тие истакнаа дека креирањето на партнерства помеѓу невладиниот сектор, науката, државните органи и претпријатијата се клучен фактор во подигнувањето на јавната свест за значењето на здравата храна и последиците од нездравиот начин на живот, консумацијата на брза, преработена храна богата со рафинирани шеќери, транс масти и недоволната физичка активност со кои се соочува голем дел од популацијата.
Покрај тоа, студените беа запознаени со можностите за нивна поголема активност и вклучување во организацијата, овозможување на практична работа, учество на семинари, работилници, конференции, обуки и курсеви во земјата и странство, од областа на храната и здравиот начин на живот.