Откријте ги знаците на лицето кои укажуваат на интолеранција

Откријте ги знаците на лицето кои укажуваат на интолеранција на 4 намирници

Кожата е огледало на здравјето, особено при одредени акутни здравствени проблеми. Најчест предизвикувач на кожни проблеми е нездравиот начин на исхрана, како и лошата толеранција на организмот на одредени намирници. Па така, пред да се откажете од вашите омилени колачиња, чаша млеко или вино, дознајте кои од овие намирници влијаат не само на вашата тежина и здравје, туку и на вашето лице. Можеби ќе ве зачуди фактот што интолеранцијата на одредени намирници може да го смени вашето лице до непрепознатливост.

Ви предлагаме да посветите внимание на некои негативни промени на лицето кои ги предизвикуваат виното, млекото, шеќерите и глутенот.

Проблеми на кожата на лицето предизвикани од интолеранција на вино

Симптомите кои се појавуваат од интолеранција на вино се:

  • појава на акни кои се групирани ниско на челото и помеѓу веѓите
  • црвенило на образите
  • нагласени пори на лицето и
  • дехидрирана кожа која ги нагласува брчките на челото, околу очите и усните.

Црното вино е многу здраво за вашиот организам, но единствено ако го консумирате умерено. Пиењето на поголема количина вино најпрво се одразува на вашето лице и тоа во облик на несакани симптоми. Алкохолот го дехидрира телото и дополнително го оптеретува црниот дроб со што влијае на целокупниот систем за варење. Па, како резултат на тоа кожата на лицето може да постане сува и безживотна, а со самото тоа и брчките стануваат понагласени и повидливи.

Проблеми на кожата на лицето предизвикани од интолеранција на млечни производи

Симптомите кои се појавуваат од интолеранција на млечни производи се:

  • отечени очни капаци
  • темни подочници
  • акни кои се групирани во пределот на брадата и
  • бледи образи.

Дури и доколку не сте нетолерантни на лактоза, консумацијата на преголема количина на млеко и млечни производи може значително да влијае на вашето лице и тен. Со самиот процес на стареење, телото ја губи способноста за продукција на ензими кои во целост ја разлагаат лактозата. Тоа може да доведе до воспалителни процеси во целото тело. Доколку се сомневате дека не поднесувате лактоза, обидете се 2-3 недели да не консумирате млеко и млечни производи.

Проблеми на кожата на лицето предизвикани од интолеранција на производи кои содржат рафиниран шеќер

Симптоми кои се појавуваат од интолеранција шеќери се:

  • изразени подочници
  • бледа и сива боја на тенот
  • брчки на челото
  • воспалени акни распространети по целото лице и
  • иритирано лице.

Не е тајна дека преголемата консумација на голема количина на шеќери може значително да влијае на телесната тежина, но оваа слатка зависност ја црпи целокупната енергија и може да го загрози здравјето, што може да се забележи и на самото лице. Гликацијата е процес во кој молекулите на шеќерот се врзуваат за протеинските влакна за секоја клетка. Овој процес го уништува колагенот кој ја прави кожата еластична и на тој начин го забрзува процесот на стареење на кожата и ги поттикнува погоре споменатите симптоми. Но, доколку само и за половина се намали внесот на шеќери, ќе забележите значително подобрување на тенот.

Промени на кожата на лицето предизвикани од интолеранција на глутен

Симптоми кои се појавуваат од интолеранција на глутен се:

  • отечени и црвени образи и
  • акни кои се појавуваат на работ на вилицата како и пигментирани дамки околу брадата.

Иако мал е бројот на лица кои имаат целијакија, многумина се осетливи на глутен. Овој протеин секојдневно го консумираме преку намирниците од пченица и јачмен.  На овие лица им се препорачува целосно исфрлање на глутенот од исхраната на некое време и воведување на нови намирници богати со растителни влакна. Доколку имате розоцеа, избегнувањето на намирниците кои содржат глутен може да го намалат црвенилото и јадежот на образите.

Ви препорачуваме да прочитате:Исхрана без глутен: нов тренд или здрав живот?

Сподели: