Палачинките со фил ни се омилени, независно дали се благи или солени. А токму ваков рецепт за солени палачинки со фил од тиквички и кашкавал ни испрати Невена, кој изгледа лесно и вреди да се проба.
Овие сочни и многу вкусни палачинки најдобро е да ги послужите додека се топли, но и изладени се идеален предлог за мезе или вечера. Сигурни сме дека и вам ви се допаднаа, а ние веќе ги ставивме на нашата листа за рецепти кои мора да се пробаат, па во првата прилика штом имаме повеќе слободно време ќе ги направиме и дегустираме.

Состојки:
- 300 мл млеко
- 1 јајце
- ½ мала лажичка сол
- 3 лажици масло
- 150 гр брашно
- путер по потреба.
Фил:
- 350 гр тиквички
- 150 гр кашкавал
- 2 лажици пармезан
- 1 јајце.
Подготовка:
- Во длабок сад за матење ставете ги млекото, јајцето, солта, брашното и маслото. Состојките убаво измешајте ги со миксер за да се добие хомогена смеса без грутчиња.
- На оган ставете тава за палачинки да се загрее. Во загреаната тава печете ги палачинките од двете страни за време од 2 до 3 минути. Печените палачинки редете ги во чинија.
- Тиквичките изрендајте ги, посолете ги и оставате ги околу половина час да пуштат вода. Исцедете ги, додајте ги ренданиот кашкавал, пармезанот, јајцето, солта и црн пипер по вкус и убаво измешајте.
- Врз секоја палачинка ставете од филот со тиквички и кашкавал, а потоа завиткајте ги во ролат. Вака формираните палачинки, наредете ги во мала тава обложена со хартија за печење, а врз нив ставете неколку парчиња путер. Палачинките печете ги во загреана рерна на 180 степени за време од 20 до 30 минути.
- Печените палачинки со фил од тиквички и кашкавал послужете ги додека се топли. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓеровска.
Ви предлагаме да прочитате: Печени палачинки со фил од спанаќ и урда.