пекмез од сливи

Пекмез од сливи со цимет и рум – печен во рерна

Оние кои го пробале вака подготвениот џем од сливи со цимет и рум печен во рерна велат дека е дури и повкусен од традиционалниот, а и дека трае многу подолго. Најдоброто во овој рецепт е тоа што не ви се потребни конзерванси, туку само малку рум, цимет или ванила.

Сигурно веќе сте биле да си купите сливи или можеби уште подобро си набравте ваши. На нашиве простори сливата е важно овошје и тоа со добра причина. Уште од многу одамна на нашево поднебје од неа се прави вкусен мармалад и се вари уште повкусна ракија. Иако, овој рецепт кој денес го споделуваме со вас не се приготвува во шерпа, доловува нови вкусови, кои со сигурност ќе ги воодушеват домашните. Покрај тоа се подготвува во рерна, а многу домаќинки се сложија дека тоа е многу подобар начин од приготвувањето на шпоретот.

пекмез од сливи

Состојки:

  • 5 кг сливи
  • 500 г шеќер
  • 50 мл рум
  • ванилин шеќер и цимет по желба.

Подготовка:

  1. Сливите добро измијте ги, ставете ги врз кујнска крпа и и избришете ги. Може да ги оставите и сами да се исушат.
  2. Исчистете ги од семки и преполовете ги. Отстранете ги сите оние сливи кои се расипани или црвливи.
  3. Секогаш кога приготвувате пекмез, слатко или мармалад избирајте помеки и зрели сливи.
  4. Сливите промешајте ги со шеќерот и ванилиниот шеќер, па ставете ги во длабок сад со капак. Изберете го најдлабокиот сад кој го имате и не го полнете до крај, бидејќи додека се вари џемот може да ја испрска рерната.
  5. Поклопете го садот и ставете го на средно ниво во рерната која претходно сте ја загреале на 200 степени.
  6. После 30-тина минути од печењето тргнете го капакот и промешајте ги сливите.
  7. Оставете го џемот да се крчка во рерната уште околу 2-2,5 часа, без капак со повремено мешање.
  8. Откако џемот ќе се згусти додајте ги румот и циметот и печете го уште дополнителни 10 минути.
  9. Откако ќе го извадите џемот од рерна соберете го во стерилни тегли. Теглите затворете ги со метални капачиња и свртете ги со капакот на долна страна за да вакумираат. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Здрав џем од црни сливи и мед.

Сподели: