Печени компири со пармезан и млечен сос од лук 1

Печени компири со пармезан и млечен сос од лук

Ова е брзо јадење кое се припрема во рерна! Посебно е вкусно ако го подготвите од млади компирчиња, кои посебно ги има во пролет. Направете печени компири со пармезан и послужете ги со неодолив сос од лук! Прекрасна е комбинацијата и за мезење и за главно јадење.

Аромата која ја добиваат компирите печени на овој начин е посебна. Пармезанот им дава интересен вкус, а сосот потполно ги надополнува.

Печени компири со пармезан и млечен сос од лук 2

Состојки:

  • 1 кг (млади компири)
  • 100 гр рендан пармезан
  • 3-4 лажички мешан зачин
  • 2-3 чешниња лук
  • масло по потреба
  • црн пипер по вкус.

За сос:

  • 300-400 мл павлака
  • лукче по вкус (може и во прав)
  • малку магдонос.

Подготовка:

  1. Компирите прво измијте ги, па по желба излупете ги и исечете ги на половинки или четвртинки, зависно од големината. Најдобро да ја прилагодите големината колку просечен залак.
  2. Исечените компири ставете ги во поцврста најлонска ќеса и во неа додајте го пармезанот, мешаниот зачин, изгмечениот лук и малку масло, па добро промешајте за секое парче да биде зачинето соодветно. Наместо пластична ќеса, можете да користите и било како сад за замена. Тоа останува на вашиот избор.
  3. Зачинетите компири оставете ги да отстојат на ладно околу 30 минути.
  4. Во тава за печење ставете хартија и турете ги зачинетите компири, па ставете ги да се печат во рерна загреана на 250 степени. Кога ќе ги ставите компирите, температурата намалете ја на 180 степени и печете 30-35 минути (времето може да варира зависно од температурата на рерната, големината и количината на компирите).
  5. На крај, припремете го сосот. Измешајте павлаката со ситно сечканите лук и магдонос и послужете додека компирите се топли. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Зачинети печени компири со кисело млеко.

Сподели: