свински ражничи

Печени свински ражничи во маринада

Знаете ли која е тајната на сочните ражничи кои ги служат во рестораните!? Што ако ви кажеме дека можете да приготвите уште посочни ражничи без многу труд? – Тајната се крие во изборот на свежо свинско месо од Агриа. Долги години сме задоволни корисници, па време е нашите кулинарски уживања и вештини да ги споделиме со вас!

Свежото месо најдобро ги прима зачините од маринадата, па затоа е наш прв избор во секоја можна прилика.

маринирани свински ражничи

Состојки:

  • 500 грама свежо свинско месо од Агриа (најдобро е да користите плешка или бут)
  • 1 лажица масло
  • 1 лажица свежо сечкан магдонос
  • 1 лажица свежо цеден сок од лимон
  • 1 лажица оригано
  • 1 лажица сенф
  • 1 мала лажичка лук
  • ½ мала лажичка сол
  • ¼ мала лажичка мелен црн пипер
  • пиперки, кромид, печурки или сланина по избор.

Подготовка:

  1. Свежото свинско месо исечкајте го на коцки со димензии од 1,5 см.
  2. Во длабок сад ставете ги маслото, магдоносот, лимонот, ориганото, сенфот, лукот, солта и црниот пипер. Измешајте ја маринадата и додајте го месото. Повторно измешајте за да се распореди маринадата. Садот покријте го со капак или најлонска фолија и ставете го во фрижидер.
  3. Најдобро е месото да стои во маринадата преку ноќ, но ако немате време доволни се и 2 часа.
  4. На стапчиња за ражиничи ставете коцка месо, а потоа ставете парче пиперка исечкана на коцки. По желба, наместо пиперки може да користите парчиња кромид, печурки или сланина.
  5. Ражничите ставете ги во тава и печете ги на температура од 220 степени за време од 40-тина минути, додека месото добие убава кафеава боја.
  6. Во текот на печењето, ражничите превртете ги, за да се испечат рамномерно од сите страни.
  7. Печените свински ражничи послужете ги со печени компири и зеленчук по желба. На здравје!

Совет плус: Освен за ражничи, маринадата може да ја искористите и за подготовка на кременадли. Без разлика дали приготвуваме пастрмајлија, месо за гиро или ражничи, секогаш избираме свежо свинско месо. Месото од Агриа може да се најде во нивните месарници ширум земјата, како и во Тинекс маркетите.

маринирани ражничи

Ви препорачуваме да прочитате: 3 кулинарски совети за подготовка на сочно свинско месо.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: