Немате идеја за ручек? Ви предлагаме да направите печено свинско месо со компири, прелиено со превкусен гурмански сос. На прв поглед изгледа како мусака, но вкусот е уште подобар и посочен. Не ви треба многу време и труд за подготовката, само изрендајте, измешајте ги состојките и ставете ги во рерна да се печат.
А она што му дава специфичен вкус на ова јадење е сосот направен од сенф и мајонез, дополнително збогатен со рендан кашкавал. Комбинацијата ветува одлично гурманско уживање. Прочитајте го и запишете го рецептот за ова печено свинско месо со компири во вашите тетратки, затоа што сигурно ќе биде еден од вашите омилени.

Состојки:
- 800 г компири
- 1 главица кромид
- 50 мл масло
- 600 г свинско филе од Агриа
- 150 г мајонез
- 50 г сенф
- 200 – 250 г рендан кашкавал.
Подготовка:
- Компирите измијте ги и излупете ги. Во подлабок сад изрендајте ги и добро исцедете ги.
- Садот за печење премачкајте го со масло. Ставете ги ренданите компири и убаво распоредете ги. Потоа, додајте сол и црн пипер по вкус.
- Кромидот исечкајте го на покрупни парчиња, ставете го врз компирите и прелијте со малку масло.
- Месото измијте го и исечете го на тенки шницли. Со помош на кујнски чекан израмнете ги парчињата месо и наредете ги врз кромидот во тавата.
- Во посебен сад измешајте ги мајонезот, сенфот и ренданиот кашкавал. Прелијте го месото.
- Тавата покријте ја со алуминиумска фолија или како предлог, ставете да се печи во пекач. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 50 до 60 минути, зависно од рерната или додека убаво се запече.
- Послужете додека е топло со салата по ваш избор. На здравје!
Наша препорака:
Добро месо е половина пат до добро јадење. Па, за одличен вкус и врвен квалитет на вашата трпеза ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа и да си набавите свежо свинско месо од домашно производство. Агриа е македонска компанија која има свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна. Свежото месо се доставува секој ден до нивните месарници, како и во Тинекс и Рамстор маркетите. А за сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашна пастрмајлија со свинско месо, јајце и кашкавал.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан рецепт.