Здраво и вкусничко, убавина за сетилата! Во оваа прилика ви предлагаме да пробате домашно зелено и симпатично пире од брокула!
Во моментите кога наидувате на свежа и добра брокула или пак сте набавиле поголема количина и не можете да се сетите како поинаку би можеле да ја приготвите освен да направите супа, треба да отворите на нашата страница. Нашата пријателка Лана е многу креативна, па и во оваа прилика ни предлага одличен рецепт со уникатен вкус.

Состојки:
- 1 главица брокула со средна големина (само цветовите)
- 2 поголеми компири
- 25 гр путер
- околу 100 мл топло млеко
- малку нарендано мускантно оревче
- бел пипер по вкус (може и црн пипер за замена).
Подготовка:
- Компирите измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на помали коцки, затоа што ќе се варат заедно со брокулата.
- Измиената брокула раздвојте ја на помали парчиња, а потоа ставете ја да се вари заедно коцките компири.
- Сварените брокула и компири, исцедете ги и убаво испасирајте ги.
- Додајте го парчето путер, топлото млеко и зачинете со малку од ренданото мускантно оревче и свежо мелениот пипер. Добро измешајте и сервирајте. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Брз здрав прилог од брокула со лук.