Вкусен специјалитет кој вреди да се проба! Невена е експерт за убави и вкусни јадења, а овој пат ни припреми одличен рецепт за пирошки од палачинки со фил од мелено месо и кашкавал. Сигурни сме дека ќе ви се допаднат. Мораат да се пробаат, нели?

Состојки:
- 8 палачинки
- 400 гр мешано мелено месо
- 1 мала главица кромид
- 1 морков
- 2 лажици магдонос
- ½ лажиче црн пипер
- по вкус сол и мешан сув зачин
- масло по потреба
- 1 мало јајце
- 100 гр кашкавал.
За поховање на палачинките:
- 2 јајца
- по потреба брашно
- по потреба лебни трошки (презла)
- по потреба масло за пржење на палачинките.
Подготовка:
- Кромидот и морковот исечкајте ги многу ситно и пропржете ги во тава со загреано масло. Во тавата додајте ги меленото месо и зачините. Пржете додека омекне и испари течноста што ќе ја пушти месото. На крај додајте го магдоносот, измешајте ги состојките и тавата тргнете ја на страна за да излади месото.
- Кашкавалот изрендајте го на ситната страна од рендето.
- Јајцето ставете го во чинија и изматете го со виљушка.
- Потоа во тавата додајте го ренданиот кашкавал и изматеното јајце. Измешајте убаво за да се соединат состојките.
- Врз секоја палачинка ставите од филот, свиткајте ги краевите од страна и завиткајте ја во ролат. Краевите прицврстете го со чепкалка.
- Подготовените палачинки извалкајте ги во брашно, во изматените јајца и на крај во лебни трошки. Пржете ги во загреано масло на средна температура од сите страни, додека добијат румена боја.
Рецептот го испратил: Невена Ѓеровска