Полнети урми со кремаст фил и јатки 1

Полнети урми со кремаст фил и јатки

Брз, едноставен и вкусен десерт! Ние обожаваме кремасто и слатко, затоа рецептов за полнети урми со кремаст фил е помеѓу оние кои можеме да ги издвоиме. Јаткастите плодови им додаваат посебен шмек, или народски кажано јаготка на шлагот!

Одлично е што за многу кратко време добивате колачиња со кои може да ги почестите своите гости, роднини и пријатели. Убави за куќна слава или за чувство на богатство од вкусни сензации за било кој семеен ручек. Невена ни подготвува разни радости, а сите ние можеме да уживаме во нив!

Полнети урми со кремаст фил и јатки 2

Состојки:

  • 15 урми со семка
  • За полнење
  • 100 гр крем сирење или маскарпоне
  • 50 гр шеќер во прав
  • 1/4 лажиче цимет
  • неколку капки арома од рум или ванила.

За декорација:

  • по потреба јатки од ореви, бадеми, лешници, фстаци и сл.

Подготовка:

  1. Урмите засечете ги на половина и извадете ги семките. Малку раширете ги но внимавајте да не ги преполовите, да останат цели.
  2. Во чинија со лажица измешајте ги да се изедначат сирењето со шеќерот во прав, циметот и румот.
  3. Ставете ги во готварски шприц и наполнете ги урмите.
  4. Одозгора ставете јатки од сувото овошје кое ќе го изберите.
  5. Пред да ги послужите најдобро е да ги оставите во фрижидер околу 2 часа да се спојат вкусовите.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколаден колач со урми.

Сподели: