Посните рецепти се секогаш предизвик. Скоро и да нема домаќинка или домаќин, кои повремено имаат потреба да направат или едноставно сакаат да направат за своја душа некој ваков рецепт, како што е овој за посен колач со афион и ментол. Одличен е!
Драгата Кате ни дава вистинска причина за уживање во парче посен десерт. Ароматично и неодоливо за секој дегустатор.

Состојки:
- 4 чаши брашно
- 2 чаши вода
- 1 чаша масло
- 2 чаши шеќер
- 1/4 чаша ментол сируп
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 50 гр афион.
Забелешка: Користената чаша е со големина од 220 мл.
Подготовка:
- Во сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и афионот.
- Потоа додајте ги водата, маслото и ментол сирупот.
- Измешајте убаво со жица за матење.
- Садот за печење премачкајте го со масло и посипете го со брашно.
- Турете ја смесата и печете на 180 степени, за време од околу 40 минути.
- Испечениот колач оставете убаво да се излади, а потоа исечете го на коцки и послужете се.
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Посен колач со афион и ментол.