Уште еден фантастичен рецепт од нашиот готвач со посни рецепти кој го припремивме со Витаминка. Без печење до совршен посен овошен десерт во чаша со фантастичен изглед и уште подобар вкус! Јагода, шумско овошје и крцкави бисквити споени во вкусна комбинација.
Инспирација за овој десерт ни беа омилените Деспина интегрални кекси со овесни снегулки и суво грозје. Додадовме марамалад од праска, пудинг од шумско овошје и јагода, и креиравме овошна магија! Уживајте и вие во неодоливиот свет на вкусови!

Состојки:
- 1 пакување Деспина интегрални кекси со суво грозје
- 1 лажица мармалад од праска
- 700 мл вода
- 4 лажици шеќер
- 1 прашок за пудинг од јагода од Витаминка
- 1 прашок за пудинг од шумско овошје од Витаминка
- 150 мл вода
- 40 грама посна шлаг пена.

Подготовка:
- Во сад на оган ставете 500 мл вода да се вари. Во длабока чинија измешајте ги прашокот за пудинг од шумско овошје, јагода и шеќерот. Во чинијата додајте 200 мл вода и измешајте за да се добие хомогена смеса.
- Во врелата вода додајте ја смесата со пудинзите. Варете за време од 2 до 3 минути додека пудингот се згусти. Садот тргнете го од огнот и оставете го пудингот да се излади.
- Интегралните кекси измелете ги. Потоа ставете ги во длабока чинија и додајте го мармаладот. Измешајте за да се соединат состојките.
- Во сад за матење ставете ја шлаг пената и додајте вода. Матете со миксер за време од 5 минути додека се добие густ шлаг. Шлагот поделете го на два еднакви дела.
- Во сад за матење ставете ја едната половина од шлагот и две лажици од пудингот. Изматете со миксер. Постепено додавајте го пудингот и продолжете со матење додека добиете хомоген фил.
- Во чаши ставете од мелените кекси со мармалад, потоа ставете од изматената шлаг пена. На крај ставете го овошниот фил. Декорирајте со шлаг пена и овошје по избор. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
Овој и многу други вкусни рецепти можете да пронајдете во готвачот со посни рецепти, кој го приготвивме во соработка со Витаминка. Готвачот со посни рецепти е подарок во промотивното пакување со три мармалади од Витаминка.

Ви предлагаме да прочитате: Посни бомбици со кокос и пудинг.
*Спонзориран текст